2.2 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

(Видео) Собираат средства за бебето Марија – мали херои од наше маало,пример за возрасните

Сте слушнале за донации од возрасни,  фирми итн. , но ретко , а  најслатки се приказните за децата кои собираат донации за други деца , иако,  познато е , детските срца се поблагородни од возрасните . Токму, за оваа неверојатна приказна станува збор ,  за чудно од деца. Мали срца , а полни со хуманост. Мали херои од наше маало!

Тие во својат аакција само потврдија дека хуманоста не се кажува, туку се покажува и докажува, хуманоста не се импровизира, туку реално, се применува и таква е приказната за децата од прилепскот маало „Чумовчанец“ .  Плетат белезици од ластичиња, ги продаваат и со кутија за донирање,  одат од човек на човек , од посетител до посетител во Паркот на Револуцијата , најпосетениот парк во Прилеп , и од клупа на клупа собираат средства за помош на семејството на малата Марија. И, никој не ги одби. Сите донираа! А, тие велат, го прават ова  „Затоа што на секое дете им е потребно среќно детство !“ Кавки деца?! Какви ли се овие нови херои на ова наше време?! Браво!

https://www.facebook.com/radiopela/videos/1152653488411701/

 

А, Вие ја знаете приказната за Марија Јорданоска од Прилеп, за она слатко ,мали ,десет месечно бебе кое има ретка диjaгноза, Cиндpoм на центpaлна апнеа при спиење, и е единственото бебе во Македонија кое е регистрирано со оваа болест .

Марија кога е будна, е сосем нopмално бeбe, но штом заспие, таа престанува да дише. А, за да се одржyва во живот потpeбен и е pecпиpaтop кој го користи додека спие. Бидејќи,родителите немаат свој респиратор плаќаат по 1.000 денари од ден за изнајмување на апаратот. За да се купи нов потребни 628.839 денари или околу 10.000 евра, средства кои семејството не можат во моментов сами да ги обезбедат.

Бидејќи сумата е доста висока, родителите на Марија бараат помош од хуманите луѓе и од општествено одговорните компании.Ние оваа приказна ја објавивме и повторно  објавуваме

Средства може да се донираат на следната жиро – сметка:

За Марија Јорданоска

270-7000544289.77 – Халк Банка

Или контактирајте ги родителите на Марија на следниот телефонски број: 075/579-450

Би можело да ве интересира

„ ПОСЛЕДНИОТ ЗДИВ НА ЧОВЕКА НЕ МУ СЕ ЗЕМА! “, сведоштво за лекувањето од Ковид во прилепската болница (АУДИО)

Гордана Цветаноска

Коледарчиња утрово го разбудија Прилеп, а „Преродба„ доследна на традцијата –  Пред Бадник за Божиќ, кади и да си дома да си!

Елизабета Филипоска

Хуманитарен настан на Преродба за помош на прилепските семејства од опожарените куќи

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе