-0.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Ќе има ли избори на 5-ти или на 8-ми јули?Утре почнува изборната кампања или не?!…

Ќе има или не избори во јули ?! Ќе бидат ли тие на 5 –ти јули или на 8 – ми јули?! Од утре започнува изборната кампања или не?!

Што и е на оваа држава, на овие луѓе? Има ли некој презицни одговори и  прецизни рамки?! Има ли оваа држава некакви стратегија, критериуми, некаков став , кредибилитет, некаков почит кон својот народ?! Има ли НАРОД , во оваа држава?! Ќе излезиеме ли од оваа лудница, бркотница, идиотизам ?!  Ниту демократска мисија како што се избори за парламентарен состав,  кој би биле клуч за нашето т.н демократско опшесто, се чини кај нас не може да помине без проблем, без драма, без политичарите и нивните лигави фаци и лажна маска со изговор „се работиме во интерес на народот„

Но , барем нешто научивме,за македонските случувања  и опшествени текови да дознаваме од странците. ОБСЕ/ОДИХР веќе распиша конкурс за ангажирање експерти кои треба да ги следат изборите во земјата. Тие веќе се подготвуваат, а не во меѓувреме се пазариме, преговараме, договараме, и никако да тргниме, да се движиме …да излезиме од мочуриштето полно со жива песок.

Власта е за избори на 5 јули. По завршувањето на вонредната состојба течат роковите за изборите на петти следниот месец, смета власта. Најголемата опозициска партија не прифаќа избори на 5 или на 8 јули, за нив возможен датум би било некаде на средината на јули. Претседателот на ДИК чека решение за нов изборен датум од претседателот на Собранието, кое е распуштено. Претседателот на државата чека партиите да се договорат, па дури тогаш ќе може да свика нова вонредна состојба

И, додека сме повторно во чекалната и  сите нешто чекаат, прашањето е „ Што чекаме?„. Па, животот ни помина во чекање, за подобро утре, за посреќни лица, за подобро образование, за подобри здравствени услуги ,за отворени медиуми, за насмеани пензионери и работници, за поубава иднина на моето, твоето на нашите деца…

Издржавме 50 години во комунизмот, 25 во еден вид капитализам,  а сега останува да се види колку долго ќе издржиме во овој идиотизам.

 

Би можело да ве интересира

Моштите од св. Нектариј Егински од петок до недела ќе бидат изложени во храмот св. Петка

Пела Редакција

(ВИДЕО)Антикорупциски караван во Прилеп – за граѓаните да земат директно учество во борбата против корупција

Пела Редакција

Светскиот ден на предвремено родени деца во Прилеп одбележан со хуманитарна акција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе