1.3 C
Прилеп
недела, 22 декември, 2024
Пела Радио

Започна рехабилитацијата на прилепската Гимназија

Покривот на Гимназијата „Мирче Ацев“ започна да се реконструира. Гредежните активности се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за образование и наука во висина од 14.400.000 денари. При увидот на работата на терен, градоначалникот Илија Јованоски напомена дека ова е прва етапа од еден поопсежен градежен проект за подобрување на условите за работа во едно од најстарите средни училишта во Македонија. Се планира реконструкција на фасадата и изградба на котлара.

„Реконструкцијата на покривот на Гимназијата ‘Мирче Ацев’, е само првата фаза од градежните активности со кои ги подобруваме условите во ова средно училиште, а во втората фаза ќе се реконструира и фасадата на Гимназијата“ напомена градоначалникот Јованоски.

Дека прилепската гимназија ќе добие современ и лик и подобри услови за одвивање на воспитно образовниот процес најави и директорот Диме Настески.

 

„Ова лето Гимназијата е вистинско градилиште. Покрај реконструкцијата на покривот, следува реконструкција на фасадата и промена на дограмата од северната страна на објектот. Исто така, остануваат да се средат уште административните работи за почеток на изградба на новата котлара, која ќе биде прва котлара во општината на гас и нафта, инвестиција вредна преку 100.000 евра. Наскоро започнуваме и со реконструкција на водоводната и канализационата мрежа, како и асфалтирање на целокупната асфалтна површина во училишниот двор. Вакви зафати во Гимназијата немало од многу одамна, појасни Настески, директор на прилепската Гимназија „Мирче Ацев“.

Градежните зафати треба да бидат комплетирани следната година, до кога според најавите на директорот Настески, треба да заврши заокружувањето на целиот проект заедно со комплетна реконструкција на внатрешниот дел, како и на фасадата на предната страна на Гимназијата.
Денеска на увид во градежните работи беа градоначалникот Илија Јованоски, претседателот на Совет на Општина Прилеп, Миле Талевски, заменик министерката за образование Елизабета Наумовска и заменик министерот за локална самоуправа, Дејан Павелски.

Би можело да ве интересира

Прва средба на градоначалникот Јованоски со синдикалната организација на „Еурокомпозит “

Гордана Цветаноска

Зимската опрема – превенција за безбедност во сообраќајот

Гордана Цветаноска

За Водици 120 учесници ќе скокнат во водите на базенот кај хотелот „Салида“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе