Хотелите од понеделник 22 јуни ги отвораат вратите за гостите. Протоколите за угостителските објекти и за гостите, и протоколите за ресторантското работење содржи строги правила кон кој треба да се придржува, и персоналот и гостите.
При прием и сместувањево хотелот ќе биде потребна дезинфекција на обувки пред влезна врата, дезинфекција на раце во холот, а гостите за цело време на престојот во хотелот задолжително треба да носат заштитни маски. Вработените на рецепција покрај заштитна маска задолжително мора да носат и визир доколку нема поставена монтажни преграда изработена од проѕирна пластика или стакло, која во долниот дел има отворен простор само за манипулирање со клуч и документи.
Дезинфекција, ограничен број на гости каде се послужува и храната, растојание од 1,5 до 2 метри меѓу гостите, ограничување на групните собири, нема шведска маса и задолжително е носење на маски.
Гостинот заедно со клучот добива флаер со совети за заштита и протокол за неговиот престој дефиниран од внатрешен тим на хотелот. Во сместувачките капацитети со повеќе кревети може сместување само гости од едно семејство кој ќе го докажат тоа при пријавувањето.