1.3 C
Прилеп
понеделник, 23 декември, 2024
Пела Радио

Паркинг позади деветтокатница

Се уредува паркинг просторот позади деветтокатницата во Прилеп. Локалната самоуправа најави уредување и на други паркинг површини по барање на граѓаните.

„Во изградба е паркингот позади деветтокатницата   по барање на граѓаните. Паркинг се прави и помеѓу ул „Гоце Делчев“  и ул. „Будимаш„ и во овие 15 –на дена ќе бидат направени. Потоа во Центар ќе ги асфалтиреме улиците.  Во тек е асфалтирањето и на ул.„ Републиканска“. Од идната недела ќе се асфалтира и патната инфрструктура во с.Канатларци, с.Ерековци и с.Топочани.“- се пофали градоначалникот, Илија Јованоски, при оваа прилика

На овој увид присуствуваше и Министерот за траспорт и врски, Горан Сугарески.Тој истакна дека оваа сериозна градежна офанзива, не е само заради суштинско исполнување на  програмата на градоначалниците , туку е вистинска потреба на решавање на проблемите на граѓаните.

„Сите проекти кои во изминатиот период беа дискутирани со граѓаните на Прилеп, практично се исполнуваат во најголема мера. Фариш – Дреново  е целосно во завршна фаза.  Очекуваме овие денови да биде целосно завршен. Завршен е патот од Прилеп до Битола, до Тополчани; клучката кај ТИРЗ е во завршна фаза и очекуваме во наредниот месец да биде пуштена во употреба. Паралелно е сработен и проектот до Вештачкото езеро, патот Прилеп – Вештачко езеро и се работи на проектот за рекреација на граѓаните. За експресниот пат Фариш –Дреново, очекуваме средства, банката позитивно да одговори, со цел да продолжи изградбата. Паралелно за трите ленти, за реконструкција, очекуваме да биде распишан тендер и заедно со обезбедните ИПА средства да ја заокружиме оваа целина „- потенцира Сугарески

Тој додаде дека е асфалтиран и патот Кадино с. Галичани, а дека целосно ќе биде асфалтиран и патот Витолиште – Лагово кон крајот на овој месец во должина од  7-8 км, за кои жителите од Мариово пред неколку месеци протестираа барајќи властите да ја реши лошата патна инфраструктура која го поврзува Прилеп со Мариово.

Би можело да ве интересира

ИН МЕМОРИАМ: Почина примариус Антоноски, еден од основоположниците на современата медицинска биохемија во Македонија

Пела Редакција

„УБАВИНА УЛОВЕНА ПРЕД ДА ИСЧЕЗНЕ“,ретроспективна фото-документарна изложба за промоција на Македонија

Руралната жена- Невидливиот столб на одржливоста

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе