12.1 C
Прилеп
четврток, 13 март, 2025
Пела Радио

Николоски: Ќе го промениме Законот за тутун и ќе ги зголемиме субвенциите

Носителот на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 4 и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ  Александар Николоски денеска во посета на Прилеп и прилепско на средба со граѓаните, од каде претстави дел од програмата на партијата.

-Во нашата програма „Обнова на Македонија“ сериозно ќе се посветиме на зачувување на македонското национално достоинство, силен економски развој во Македонија, дури и во вакви услови на корона криза, со зголемување на просечните плати за 25 проценти, пензиите во просек за 20 проценти, а најниските пензии и многу повеќе од тоа, рекордно ниско ниво на даноци од само 8 проценти, дополнително привлекување на странски и домашни инвестиции кои што запреа во овие три години, силна битка со организираниот криминал и корупција и нашиот проект за потекло на имот на сите функционери, политичари и останатите јавни функционери во изминатите 30 години, изјави Николоски.

Од Прилеп, Николоски го повика Зоран Заев да одговори дали може да го докаже потеклото на своето богатство, но и богатството на неговото семејство. Воедно, од центарот на тутунопроизводството во Македонија, Николоски се осврна и на состојбата со производството и продажбата на тутунот.

-Повеќе од година и пол бараме одговор на прашањето зошто се донесе Закон за тутун во 2019 година, со кој што се дозволи да се увезува тутун пред да се откупи домашниот тутун и зошто за оваа година има потпишано договори за 20 милиони тони тутун иако вкупните производствени капацитети во Македонија се некаде 25 до 27 милиони тутун. И што ќе се случи со овие 5 до 7 милиони кои што ќе останат. Дали тоа се прави така за да се уценуваат земјоделците, за да им се спушта цената, за да се намалува класата и за некој дебело да профитира со таа работа, праша Николоски.

Како што посочи Николоски, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува во првите 100 дена да го промени законот за тутун, при што ќе се гарантира класата на тутунарите и  зголемување на субвенциите.

 

Би можело да ве интересира

Проданоски: економската политика на идната влада на ВМРО ДПМНЕ е развој на Прилеп и Македонија

Пела Редакција

ОК ВМРО-ДПМНЕ: стадионот во Тополчани беше гордост за мештаните

Гордана Цветаноска

Дали денес од СДСМ ќе се чуе името на кандидатот за градоначалник на Прилеп?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе