12.9 C
Прилеп
среда, 16 април, 2025
Пела Радио

Помалку тестирани, повеќе заразени, во Прилеп нови 5 случаи позитивни на корона

Во последните 24 часа се направени 870 тестирања, а регистрирани се дури 176 нови случаи на корона вирус, информираат од Министерството за здравство. И овој биланс покажува дека најголем број се во Скопје и тоа 61, додека во Прилеп се регистрирани 5 нови случаи. Според информациите од Институтот за јавно здравје од каде што се регистрирани 80 оздравени пациенти, од Прилеп денеска нема ниту еден случај, додека најголем број е од Тетово и тоа 30 оздравени.
Починати се девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.
Во Прилеп моментално активни се 27 случаи од вкупно досега регистрирани 250 позитивни на корона.

Би можело да ве интересира

Дабничани бараат помош за заштита на селската црква и гробиштата од кражби и уништување

Гордана Цветаноска

И премиерот Заев ги сефтоса новите автобуси

Гордана Цветаноска

Пристигна опремата за младинските фудбалски школи, донација од Австралиско – Македонското друштво „Методија Андонов – Ченто“ од Сиднеј

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе