11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Николоски: Додека не се откупи последниот кгр домашен тутун, забрана за увоз од странство

Во посета на Прилеп денеска беше Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4. На средбата со новинарите тој се извини за доцнењето, бидејќи како што рече основната причина била нерешената инфраструктура кон Прилеп, кон пелагонискиот регион и кон Битола.
– Експресниот пат кој што се градеше од Прилеп кон Градско е стопиран, а во моментов на постојното патно решение има неколку семафори кои што навистина го прават патувањето невозможно. Мотив плус веднаш по победата на 15 јули да работиме забрзано на нашето клучно ветување – во следните 4 години, автопатско поврзување на Велес – Градско – Прилеп – Битола до грчката граница.
Воедно, Николоски посочи дека ќе оствари средба со културните работници во Прилеп, а напомена и дека опозициската ВМРО ДПМНЕ планира ревитализација на старата прилепска чаршија.
– Планираме да изградиме нов објект за театар. Има навистина квалитетен театар во Прилеп и има навистина добра публика и заслужуваат современ објект кој што ќе може да ги прими сите љубители на уметноста. Старата чаршија која што е се повеќе затворена и каде што се повеќе дуќани зјаат празни заради економската ситуација, планираме целосна ревитализација во периодот кој што доаѓа, рече Николоски.
Земјоделството, тутунопроизводството повторно беше во фокусот на неговото обраќање.

– Споменав и ќе повторам на првата седница на Владата изгласување на закон со кој што ќе се забрани килограм тутун да се увезе во Македонија, пред целосно да се откупи домашниот тутун. Во исто време споменав и еве недела дена немам никаков одговор, да го поставам повторно прашањето: директорот од Тутунски Комбинат, поставен од Владата, Комбинатот во целосна сопственост на државата, зема нето 3 и пол илјади евра плата, бруто 5 и пол илјади евра плата. Како е тоа возможно кога земјоделците и тутунарите едвај врзуваат крај со крај? Тоа е нешто за што мора да има одговорност, пред се морална, а ако има основи и кривична одговорност, посочи Николоски.

На крајот Николоски, го повтори апелот упатен до неговиот противкандидат – носителот на кандидатската листа за пратеници и претседател на СДСМ Зоран Заев:

– Јавно го повикувам Зоран Заев да излезе и да каже дали е во состојба да го докаже потеклото на сопствениот капитал и капиталот на неговото семејство кое што во изминативе 18 години колку што е тој вкупно на функција стана најбогато семејство во Македонија, потенцираше Николоски од Прилеп.

Како што посочи тој, едно од основните ветувања во програмата на ВМРО ДПМНЕ е враќање на владеењето на правото, а како еден од најзначајните проекти бил проектот за испитување на потекло на имот и капитал на сите носители на јавни функции во изминативе 30 години.

Би можело да ве интересира

(Видео)Заев: За три години видовме сите што значи да се гради по план.Патишта, инфраструктура и капитални објекти…

Елизабета Филипоска

Со кои проекти аплицира Општина Прилеп за владини пари?!

Пела Редакција

Пачешкоски: Ова е скандал од рубриката „верувале или не“!!!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе