11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Станкоски: Моите примања се од јавен карактер, пресметката за јануари е за неискористен одмор

Генералниот извршен директор на Тутунски Комбинат АД Прилеп, Кире Станкоски, денеска одржа прес конференција, на која, ги демантираше наводите за висината на неговите примања од носителот на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 4 Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ.
Станува збор за пресметка на плата од јануари месец годинава, која што е резултат на спогодба со Синдикалната организација која што важи за сите, па и за менаџерите на Комбинатот и се однесува на уредување на неискористени денови за одмор, како додаток на плата, рече Станкоски.

– Почувствував должност вистината да ја изнесам на вистинското место. Овие денови се изнесуваат лаги и невистини од страна на носителот на кандидатската листа за пратеници во ИЕ 4 Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ. Станува збор за моите примања кои со одлука на борд на директори се носат, а јас како главен менаџер во оваа компанија и сите менаџери кои што имаат договори во Тутунски Комбинат на секое акционерско собрание се должни да достават извештај за нивното работење и нивните примања. Што значи дека, овие примања се од јавен карактер. Станува збор за пресметка на плата од јануари месец годинава, која што е излезена од спогодба која што ја имаме потпишано заедно со синдикалната организација. Со таа пресметка за секој вработен во Тутунски Комбинат се уредува начинот на исплата на искористени денови од одмор. Според таа спогодба на секој работник кој што од разни причини не го искористил правото на годишен одмор, му се овозможува исплата на истиот како додаток на плата, доколку тоа го побара.
Бидејќи јас во минатата година сум искористил само 5 дена од одмор, а за компанија наследена тотално руинирана од страна на ВМРО ДПМНЕ, треба цел менаџерски тим на чело со мене да засука ракави и да ја донесе во оваа ситуација на позитивни завршни сметки. Сите други примања сум ги добил во опсег на одлуката на бордот на директори и Собранието на акционери кое што ми дава доверба за нашата успешна работа изминативе 3 години, рече Станкоски.

Тој на крајот од своето излагање на средбата со новинарите упати прашање до Николски:

– Јас само би го прашал зошто неговите ботови не ја покажат пресметката за плата од април 2020 година, кога јас сум земал 14.250 денари. Значи ова е пресметка од април месец, моите примања тогаш биле 14.250 денари и вклучитечно на сите менаџери во Тутунски комбинат. Разликата на плата ние како општествено одговорна компанија и општествено одговорни луѓе ја плативме на сметката за борба против вирусот Ковид-19, рече Станкоски.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се чекаат вакцините против сезонскиот грип

Гордана Цветаноска

Тутунски комбинат Прилеп годинава одбележува 150 години постоење

Пела Редакција

Дневен корона биланс: Од 191 нови случаи, 13 се во Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе