11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Штрајк на работниците од Еурокомпозит – бараат оставки од раководството и итна средба со премиерот Заев

 

Работниците од Еурокомпозит 11 Октомври стапија во штрајк – причина, неисполнување на ветувањата за исплата на плати, но и несовесно работење на раководството. Синдикалната организација обвинува за сомнителни финансиски трансфери на раководството во висина од 90 илјади евра, поради што веќе биле поднесени соодветни пријави до институциите. Работниците бараат итна средба со премиерот Зоран Заев.

Роберт Богданоски – новиот синдикален лидер на работниците од оваа фирма побара неотповиклива оставка од менаџерскиот тим.

– Директор не го испочитува договорот со вработените за исплата на плати од месец први 2018 година. Нема конкретен датум за исплата на плати во наредниот период и од последната средба со премиерот нема никакви конкретни предлози за решавање на нашиот проблем, неможност за обезбедување на минимална плата и подолго време немање на суровини за работа. Во цела 2017 година, просекот на платата изнесува од 5 до 6 илјади денари. Од неговото доаѓање до сега нема потпишано ниту еден договор со деловните партнери, па затоа сме на мислење дека овој менаџерски тим не е во можност да одговори на потребите на вработените. Затоа како синдикална организација сме на мислење да побараме неотповиклива оставка на раководството. Постои сомнение дека фирмата на Еурокомпозит е оштетена со сомнителни трансфери за композитна опрема за околу 90 илјади евра, а за истото имаме поднесено кривична пријава до МВР и Јавното обвинителство. Бараме решавање на проблемот со неисплатените придонеси од 1.06.2012 година до денес, како и неисплатени повеќе од 14 плати, бараме ревизија за работењето на компанијата за последните 10 години и итна средба со премиерот Зоран Заев, информираше Роберт Богданоски – претседател на синдикалната организација на Еурокомпозит 11 Октомври Прилеп.

Директорот на компанијата Александар Кузески по телефон објасни дека тој бил во постојан контакт со Владата и дека се бараат решенија за излез од состојбата.

Некогашниот гигант од наменската индустрија неколку децении се наоѓа во агонија за која излезот вработените го бараат во засилено синдикално делување кое ќе го остваруваат преку штрајк, блокирање на сообраќајници и протести. Еурокомпозит 11 Октомври е фирма во целосно државна сопственост во која работат 260 лица.

 

Би можело да ве интересира

И комерцијалните, и бесплатните вакцини против сезонски грип се достапни во Прилеп

Гордана Цветаноска

В петок ќе биде отворена ретроспективна изложба на Васил Костов

Пела Редакција

( Фото ) Коњот кој бил удрен од несовесен возач на Плетвар е згрижен во СОУ “Орде Чопела“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе