Утре, (31.7.2020 ), петок од 19.30 часот во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ Фото кино клубот Прилеп организира изложбата на фотографии „Јордан Зазоски – Зазо“. Изложбата е традиционалална поставка која годинава се реализира по седми пат.
На изложбата ќе бидат изложени 62 фотографии од 57 автори, дела кои покажуваат во кој правец одат заложбите на клубот во полето на уметничката фотографија , и колкав е напредокот во изминатата година.
– Годинава, има голема бројка на нови автори, кои се всушност движечка сила на ФКК „Прилеп“. Тие преку низа на работилници и активности во клубот стекнаа знаења за создавање на уметничка фотографија и веќе се градат како препознатливи автори – велат од ФККП.
Изложбата ќе се одржи спрема протоколите за заштита од корона вирус – носење на маска, мерење температура и дезинфекција на раце.
претходна вест