17.3 C
Прилеп
среда, 12 март, 2025
Пела Радио

Прв маратон на Крушевското Езеро

Крушевското Езеро ќе ја добие првата спортска манифестација во пливање. На 9-ти август со почеток во 11 часот на езерото за прв пат ќе се одржи маратон во пливање. Маратонот е во организација на пливачкиот клуб Вардар 2018 Скопје е со поддршка на Општина Крушево. Маратонот го носи името на Тоше Проески. Пливачите ќе се натпреваруваат во дисциплината маратон во должина од 2,5 км во кружна патека. Организаторот, пливачкиот клуб Вардар 2018 најавува дека целта е оваа спортска манифестација да прерасне во традиција.

За уште поголема мотивација на пливачите учесници на Првиот Крушевски Маратон ќе има вредносни награди – Ваучери за апсолутна категорија мажи/жени за освоени прво второ и трето место.
➡️Ваучерот за прво место ќе изнесува 5000 денари
➡️Ваучерот за второ место ќе изнесува 3000 денари
➡️Ваучерот за трето место ќе изнесува 2000 денари, најави организаторот.

Со тоа, покрај меѓународните параглајдинг и змајарски манифестации, како и  рекреативните насловени како „Вен ин Крушево“, кои пак опфаќаат интересни извиднички и авантуристички содржини, ова е нова спортска атракција во Крушево. За посетителите е најважно што патната инфраструктура до езерото е комплетирана, а природата и прекрасниот воздух се единствени, доколку сакаат да го посетат градот и да уживаат во уште еден спортски настан.

Би можело да ве интересира

ЖРК Металург го скрши отпорот на ракометарките на Деспина

ПИНГ-ПОНГ: РИСОВИ ГИ ОСТАВИЈА БОДОВИТЕ ВО ПРИЛЕП

Гордана Цветаноска

Мегленски: „Значаен бод !Победа сеуште е во игра за опстанок во елитното друштво“  

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе