1. Официјално започнаа Зимските олимписки игри 2018 во Пјонгчанг, Јужна Кореја.
2. Јада го развиори македонското знаме во Пјонгчанг.. Македонија со тројца претставници го има своето седмо учество на ЗОИ. Нашата земја ја претставуваат: знаменосецот и скијач Ставре Јада, Викторија Тодоровска во нордиско скијање и најискусниот Антонио Ристевски кој ќе се натпреварува во алпско скијање.
3.Спортистите од Северна и Јужна Кореја маршираа заеднички под сино-белото знаме за обединување на Кореја Двете држави се согласија да се натпреваруваат со заеднички тим во женски хокеј на мраз, иако само пред неколку недели, беа на работ на нуклеарна војна. Спортистите од Северна и Јужна Кореја маршираа заеднички под сино-белото знаме за обединување на Кореја.Тоа е потврда дека спортот може да ги надмини сите граници и недразбирања меѓу народите.
4. И, покрај ниските температури, илјадници лица присуствуваа на церемонијата на отворањето за да го проследат огнометот, спектакуларното светлосно шоу и парадата на спортистите кои влегоа на олимпискиот стадион.
5.Американскиот тим веќе имаше контроверзен почеток со изборот на носител на знамето. Ерин Хамлин, која настапува во дисциплината санкање и лизгачот на мраз Шани Дејвис, беа изедначени во гласањето кој да ја има честа.Потоа беше избрана Хамлин, кој победи со фрлање на монета.
6 Околу 3.000 спортисти ќе учествуваат од утре во борбите за медали.
7.Митскиот тигар е заштитниот симбол и маскотата на ЗОИ Пјонгчанг, Јужна Кореја.
Олимпијадата ќе трае до 25-ти февруари.