14.7 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Кузманоски со победа дебитираше како тренер на струшкиот турнир

Ракометот во Македонија синоќа во Струга ,по пандемијата , направи кам-бек. Вчера во Струга по сите мерки на заштита започна 48-то издание на традицоналниот ракометен турнирот на отворено во Струга. На првиот ден, ракометарите одиграа добри и квалитетни натпревари и најавија уште повеќе возбудувања во деновите кои следуваат до 16 август .

Горан Кузманоски -Таста

Ракометарите на Прилеп успешно го започнаа турнирот. Играа први и издвојуваа победа. Она што е интересно е тоа што прилепчанецот,  Горан Кузманоски, кој  оваа година од играч премина во тренерските води и застана на кормилото на РК Прилеп,  вчера го имаше  тренерско деби,  кое неговите играчи го наградија со победа над домаќинот. РК  Прилеп во првиот натпревар од струшкиот ракометен турнир што стартуваше вчера ја совлада Струга со резултат 28:32.

Натпреварите продолжуваат и денеска.

На 48. издание од Меѓународниот ракометен турнир Струга денес на распоредот се три натпревари

Двојки:

17:15ч Бутел Скопје – Еурофарм Пелистер 2

19:15ч Металург – Прилеп

21:15ч Вардар – Охрид

Натпреварите во 19:15 часот и 21:15 часот ќе бидат пренесувани во живо на спортскиот канал МТВ 3.

Фото : ekipa.mk

и Радио Пела

 

 

 

 

 

Top of Form

Bottom of Form

 

Би можело да ве интересира

Николоски : Ние од срце се бориме да ја зачуваме нашата Победа (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

БК АС : Професионализам , позитивна атмосфера , успеси.. – Прилеп не треба да се грижи за иднината во овој спорт (ВИДЕО + ФОТО)

РК Прилеп 2010 не стартува со тренинзи – причина неисплатени плати!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе