0.8 C
Прилеп
четврток, 26 декември, 2024
Пела Радио

Дел од добивката од маските ќе оди во касата на Црвениот Крст за помош на семејства

Дел од добивката од продажбата на заштитни маски, кои произлегоа како нов прозивод од пандемијата, компанијата Комфи Ангел, (специјализирана за производство на јоргани, перници, заштитници за душеци, а сега и за производство на заштитни маски) ќе ги враќа за опшествено добро, пред се за семејства кои финансиската помош им е најнеопходна во ова време на новонастанатата ситуцаија со здравствената и економската криза. Така,  одлучи менаџментот и финансискиот сектор на компанијата ,согласувајќи се дека изработката на заштитните маски како идеја во новонастанатата ситуација, се претвори во одличен комерцијален производ, кој компанијата денеска го нуди, и на домашниот, и на странскиот пазар. „Дел од таа добивка треба да и биде вратена на заедницата како опшествено добро !“ – велат одговорно од компанијата .

Па, во договор со најхуманитарната организација, Црвениот Крст на Македонија , Комфи Ангел започнува долгорачна соработка во делот на донирање и помагање на луѓето на кои им е потребна помош.

Како дел од добивката од производството на заштитни маски,  300 илјади  денари, парични донација  и свои производи, во вредност од 300 илјади денари, компанијата Комфи Ангел денеска и ги донираше на Црвениот крст на Македонија, за семејства чија помош му е неопходна. Одлучено е, парична донација да стигна како помош за семејства, чии членови останале без работа поради пандемијата. Неофицијално, во Прилеп, за време на кризата со пандемијата 1200 луѓе го изгубиле своето работно место.

Но, оваа донација нема  да  преставуваат еднократна помош на Комфи Ангел. Црвениот Крст на Македонија и компанијата Комфи Ангел склучуваат договор за постојана, редовна, соработка.

 

„Производството на заштитни маски, кое на почетокот на пандемијата беше само идеја за опшествен интерес, за општо добро,  за да му  помогнеме на здравството и населението поради недостигот на заштитни средства, се воспостави и како доходовен производ за компанијата.  Производството на заштитните маски се покажа како добар финасиски импакт и благодарение на зголемување на додатната вредност поради интересот на македонскиот, и на странскиот пазар, компанијата ја препроди дури и кризата, и ние од тие причини чувствуваме морална одговоност и потреба да му вратиме на опшеството назад од нашата добивка,  да бидеме солидарни и да помогнеме .“- рече, Ирена Јакимовска, менаџерот на Комфи Ангел за иницијативата и идејата за соработка со Црвениот Крст на Македонија

Воедно, менаџерот на Комфи Ангел и Претседател на Регионалната стопанска комора –  Прилеп, Ирена Јакимовска упати апел и до остнатите компании, особено до малите и средни фирми, оние кои имаат зголемен приход во оваа новонастаната состојба, во рамките на своите можност, да ја покажат својата солидарни и одговрност, да помогнат на семејства чија помош им е неопходна и на заедницата за заедно да се градиме здраво опшество.

Општинската Oрганизацијата на Црвениот крст – Прилеп ја поддржа иницијативата на Комфи Ангeл и потврди дека компанијата од стартот на здравствената криза, солидарно е вклучена во социјално – хуманитарната дејност на Црвениот Крст на Македонија и достега има донирано над  5000 заштитни маски, скафандери и друга заштитина облека, како 100 -тина пакети  со храна, кои општинската организација на Црвениот Крст -Прилеп, преку својата мрежа, ги има доставено онаму ,на семејства , на кои им било помошта најнеопходна.

Оваа донацијата на Комфи Ангел пристигнува како предвесник на Светскиот ден на хуманоста ,19-ти агуст, ден кој потсетува дека треба сите да создаваме подобро место на живеење, дека  секој може да му помогне некому, ден кој  е во знак на дарување, донирање, помагање на луѓето на кои им е потребна помош.

Инаку, датумот, Светскиот ден на хуманоста ,19-ти агуст, е избран во чест и сеќавање на 22 хуманитарни работници кои биле убиени во бомбашки напад на канцеларијата на Обединетите Нации во Багдад на 19 август 2003 година.

Би можело да ве интересира

Нова забрана за движење на граѓаните од среда

Елизабета Филипоска

Мирен протест пред прилепскиот затвор за поддршка на осудените од 27 ми април

Гордана Цветаноска

Позитивни резултати од формирање на Првиот Центарот за рехабилитација на жртвите од тортура

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе