Православните верници рано утрово го започнаа празнувањето на празникот Преображение на Господ Исус Христос со служење на архијерејска литургија во храмовите. Црква „Св. Преображение“ чинот на водосветот, прережување на славските погачи и осветување на грозјето го изврши митрополитот преспанско – пелагониси г. Петар, со свештеници од прилепското архијерејско намесништво.
Традиционалниот црковно-народен собир кој се организираше во дворот на црквата годинава е откажан заради пандемијата предизвикана од Ковид 19 , а кумовите кои беа избрани за оваа година ќе останат за наредната 2021 година.
Преображение Господово е еден од оние осум големи Христови празници, кога, според народното предание, во зора почнуваат да се преобразуваат и гората и водата, најавувајќи ја идната есен. Според народното верување тогаш за прв пат во годината се бере и јаде грозје и се носи во црквата каде што свештеникот по молитвата го благословува.