10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Протести против покачувањето на цената на струјата во Прилеп

За петок, 21 август, покрај Скопје, Тетово, Кичево, Битола, најавен е протест против покачувањето на цената на струјата и во Прилеп. Оваa вторa по ред граѓанска акција  против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, вo Прилеп, според организаторите ќе се одржи кај Камената бина, кај паркот Ченто од 19 часот, на Плоштадот Александрија.
Во Битола протестот е најавен во истото време, 19 часот, кај Фонтаната пред Музејот.


„НЕ за поскапувањето на струјата! НЕ за дополнителното осиромашување на граѓаните! НЕ за екстрапрофити на капиталистите на наш грб! Во услови на здравствена криза, кога многу граѓани губат работа и кога им ги намалуваат платите, ја поскапија струјата. ЕВН, МЕПСО, ЕСМ трпеле поради кризата. А граѓаните не трпат? Што е поважно? Профитите на капиталистите и вдомувањето на партиските војници или животниот стандард на обичните граѓани? Не смееме да го дозволиме овој удар на нашиот грб! Да го кренеме нашиот глас! Од нас зависи! Да се обединиме, Македонци, Албанци, Срби, Роми, Турци и останати, да се обединиме и да се спротивставиме! Да не им дозволиме да им помине поскапувањето на струјата!“, стои во најавите за протестите во Прилеп и Битола.
Во Скопје, Тетово, Кичево, исто така за утре (21 август) се најавени нови протестни собири и акции против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика за покачувањето на струјата за 7,4%. Според најавите на организаторите, Скопскиот протестен совет, поддржан од Полицискиот сојуз, Синдикатот за образование, Конфедерацијата на синдикатите на РСМ и други граѓански здруженија и невладини организации, одлучиле протестите да продолжат со блокади на крстосници, и тоа по моделот 2 крстоници по 2 часа, а потоа 4 крстосници по 4 часа итн, се вели во најавата за протестот во Скопје.
Протестирачкиот одбор, кој, меѓу другото, минатиот петок побара РКЕ веднаш да ја понушти одлуката за покачувањето на струјата, да се намали цената за 46%, попустот на ДДВ од 18 на 5%, да се распушти РКЕ, но и да се формира независно арбитрарно тело во служба на граѓаните за да се провери квалитетот на енергетските услуги.

Би можело да ве интересира

ВНИМАТЕЛНО:Ветувајќи им огревни дрва, откуп на железо, известувајќи за лажни сообраќајни незгоди.. се почести измами на стари лица

Елизабета Филипоска

Нови 14 дена вонредна состојба која почнува од утре

Елизабета Филипоска

Од пештерското сликарство до билборди – сите гласови на човечкото тело

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе