0.8 C
Прилеп
среда, 25 декември, 2024
Пела Радио

Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, викендов на Рудина во Долнени

Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ ќе се одржи наредниов викенд,  на 28 и на 29 август,  и ова поради пандемијата со корона вирусот, ќе биде прв невообичаен термин за негово одржување, бидејќи фестивал традиционално се одржуваше на почетокот на јуни.Но, она што е најважно е што и покрај пандемијата и  редуцирана посетеност на учесници, тој ќе се одржи.

Организаторите, претставници на Фестивалот остварија средба со градоначалникот на Долнени, Џемаил Ќамили, и при разговорот ги прецизираа подготовките за одржувањето на годинашното, 46-то издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ 


Општината сесрдно излегува во пресрет на децениската традиција ,  осебно, зашто корените , фествалот ги влече од Долнени, од традициите, а незаменливо е чувството кога гајдата, кавалот, тапанот и изворната песна ќе се разлеат на Рудина, кај Долнени.  Таа ја понуди помош за подготовките на втората фестивалска вечер, на 29 август, која ќе се одржи во „колевката“ на Фестивалот, на Рудина , а за  посетителите и вљубениците на народниото изворен мелос ќе биде отворена куќата-музеј „Пеце Атанасовски“ кој асе наоѓа среде Долнени.

„Нека е за многугодини одличната соработка со општина Долнени и аирлија за успешен 46-ти Фестивал „Пеце Атанасовски„-  напишаа на фејсбукот на профилот на фестивалот , организаторите,најавувајќи го датумот на одржување на фестивалот кој го организираат и одржуваат со децении наназад !

Би можело да ве интересира

Високо загадување на воздухот во Прилеп

До каде се градежните работи на Градски? (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Започнува етапната исплата на пензиите

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе