7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Има ли надеж за прилепскиот ракомет?!

Иако ракометнот првенството треба да започне, РК „Прилеп 2010„ сеуште нема почнато со подготовки за пролетна полусезона. Се очекува стартот да биде понеделник,(12-ти февруари ),но и тоа е неизвесно. Екипата буквално се расформирана, бидјеќи без пари, поддршка од стопнствениците, од Општината, и без план како во иднина ќе се развива и одржува ракометот во граот под Марковие Кули кој има долгогодишна ракометна традиција, тешко некој може да предвиди блескава иднина за овој спорт.

Насетувајќи ја лошата состојба во ракометните прилепски води дел од играчите на РК „Прилеп 2010„ побараа нова ракометна средина во клубовите низ Македонија. Јовановски и Рајатовски заминаа во соседниот град Битола како членови на екипата на Пелистер, а Ѓоргиески, Јанчев и Вешоски во Охрид, каде во оваа полусезона ќе настапат за РК „Охрид 13“ кој моментно котира добро на табелата и се бори за влез во европските ЕХФ натпреварувања.

Со 13-сет бода РК „Прилеп 2010“ во есенската полусезона се најде на 6 позиција од суперлигашкот првенството на РФМ односно во долниот дел од табелата пред Борец, Металург 2 и Вардар Јуниор.
Од клубот се надеваат дека ќе се најдат сили и екипата ќе го одигра остатокот од сезоната со сите останати играчи кои се без ангажман, подпомогнати од младинскиот состав на клубот. „Јас сум спремен да дадам се од себе за клубот да опстани. Се надевам најбрзо да се почниме со работа, дека ќе успееме да одиграме до крај и ќе го избегнеме 9- то место кое игра бараж за опстанок во Супер Лига„ – вели, Ице Соколоски,тренер на РК Прилеп.

Минатата година пред почетокот на сезонава Ракометниот клуб „Прилеп“ ги засили своите редови со четворица нови играчи. Клубот се надеваше за пласман во плејофот. Се говореше дека прилепскиот ракомет има добра иднина, дека РК Прилеп продуцира млади кадри кои во иднина треба да бидат носечки во овој клуб и дека љубителите на ракометот,кој со години се желни за квалитетен ракомет како од 80-тите, ќе уживаат во добри ракометни натпревари. Оддеднаш,во декмври 2017 пристигна сигналите дека Ракометниот клуб Прилеп се соочува со голема финансиска криза и е пред згаснување, поради укинувањето на одредената финансиска помош од Општина Прилеп. Клубот веднаш се најде во безизлезна ситуација и не може да ги подмири обврските кон играчите, кои на крај добиа бланко-исписница да си бараат нова средина.„Ги информирав ракометарите, сите играчи се слободни да си бараат нов клуб. Исписница ќе добијат сите што ќе побараат, веќе не можеме да ги обврземе со договор. Заостанатиот долг ќе се трудиме да го исплатиме“ – изјави тогаш претседaтелот на клубот Александар Мариновски за порталот g-sport.mk.

Неофицијално, на клубот од Општината му биле ветени три милиони денари за супрлигашката сезона 2017/2018.За есенската полусезона клубот добил 1,5 милиони денари од Општинската каса и најверојатно чекал ребаланс на буџетот на Општина Прилеп по изборите, што не се случило, за да ги добие останатите 1,5 милион денари. Тоа е главната причина поради која што клубот останува без финансии иако беше помогнат и од неколку стопански претпријатија во Прилеп.Наводно,трите милиони денари како целина никогаш не биле вклучени во буџетот на општината за 2017 година.

Како и да е РК Прилеп денеска, после нагорната кариера, се бори за опстанок во највисокото македонско ракометно натпреварување Супер лига, а љубителите на ракометот тешко дека ќе гледаат квалитетни ракометни натпревари од својот клуб.И,како по правило „бродот кој тони сите го напуштаат!“ Велат лесно е нешто да создадеш – најтешко е да го одржиш ,а уште потешко, квалитетот да се задржи!

 

 

 

Би можело да ве интересира

Два медали за прилепските боксери од БК АС од интернационалниот турнир “Арена куп ” Скопје 2023 (ФОТО)

Никола Димески

Бронза, сребро и финале за боксерите од прилепски „Ас“

Гордана Цветаноска

Паднаа 60 гола на ракометниот терен во Прилеп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе