На платото пред ЦК„Марко Цепенков“, утре, втори септември, со почеток од 19.00 ч. ќе се одржи концерт на концерт на шпански мелодии.
Ќе настапат Александра Коцевска-мецосопран и Глигор Гелебешев-пијано придружба. На програмата се дела од E.Granados, M.Garsija, J.Obradors и P.Sarasate
Александра Коцевска-мецосопран има богато искуство во соло пеење,наградувана со високи награди. Воедно, кариерата како педагог ја продолжува во ДМУЦ ” Сергеј Михајлов”-Штип, каде може да се каже дека е основоположник на класата по соло пеење.
Глигор Гелебешев, својата музичка наобразба ја почнува во родната Гевгелија. Средно музичко училиште завршува во ДМБУЦ – Илија Николовски – Луј во Скопје. Студира на акдемијата на уметности во Нови Сад, а магистрира на факултетот за музичка уметност во Скопје.
По,дипломирањето 1992 година се вработува во Државен Музичко Балетски Училишен Центар Илија Николовски-Луј,каде како наставник по пијано каде работи до денес. Учениците во класата на наставникот Г.Гелебешев се учесници на повеќе домашни и меѓународни натпревари, каде се и високо наградувани.