16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Вечерен концерт на Женскиот младински хор МКЦ Скопје во Цепенков

Во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“, утре 26 јуни, од 20 часот, концерт ќе одржи Женскиот младински хор при МКЦ – Скопје. Пијано придружба Иван Трајковски, соло делници: Ана Михајлова, Елена Васова, Мила Николовска и Јулијана Деспотоска, под диригентската палка на Сашо Татарчевски. Ќе бидат изведени композиции од Johannes Brahms и Benjamin Britten.

Женскиот младински хор – МКЦ СКОПЈЕ од своето формирање во 1972 па сé до денес, е една од најпрепознатливите карактеристики на Младинскиот културен центар од Скопје. Изведувајќи огромен и разноврсен репертоар, овој ансамбл покажа дека и пејачи аматери можат да постигнат високо професионални резултати.

Би можело да ве интересира

Од 29 до 31 август „Прилеп џез викенд“ со концерти и перформанси

Утре вечер премиера на театарската претстава „Мистерија Буфо“

Две изложби петок – „Доминанта“ од група прилепски уметници и „Насмеани лица и состојби“ од скулпторот Емил Солески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе