7.8 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

(ФОТО)Запленети 48 килограми дрога – приведени тројца дилери од с. Дебрешете

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ОВР Прилеп и Одделот за специјални полициски операции во координација со ОЈО Прилеп вчера (04.09.2020) околу 20 часот запленија околу 15 килограми хашиш и околу 33 килограми марихуана, или вкупно околу 48 килограми дрога, а од слобода се лишени три лица, соопшти на денешната прес конференција портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„На патниот правец од Прилеп кон с. Дебреште, на место во близина на градските гробишта лишен од слобода е В.И. (55) од с. Дебрешта, кај кого се пронајдени четири вреќи со околу 48 килограми дрога (хашиш и марихуана) кои ги подготвувал за транспорт. По преземени дополнителни мерки и активности, околу 20.30 часот во Прилеп е лишен од слобода Н.Д. (46) од с. Дебрешта, за  кој е утврдено дека бил организатор на транспортот.  Потоа од слобода е лишен и Е.И. од с. Дебрешта“, соопшти Ангеловски.

По наредба од Основен суд Прилеп, извршени се претреси на три локации во с. Дебрешта и одземени се две патнички возила, мерцедес и голф, во врска со овој случај.  Приведените денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основен суд Прилеп.

 

„Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни мерки и активности за сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и друг вид на криминал“, речеАнгеловски

Би можело да ве интересира

Кај прилепчани пронајдени ќеси со 4.000 капсули трамадол без документација

Пела Редакција

Неколку физички напади и оштетено полициско возило – биланс од „прилепската црна хорника“

Гордана Цветаноска

Полов напад врз 13 годишно дете

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе