14.5 C
Прилеп
среда, 23 април, 2025
Пела Радио

За прв пат производите на Витаминка на пазарот во Јапонија

Витаминка го реализира првиот директен извоз во Јапонија. Пласманот на производите на Витаминка на јапонскиот пазар следи по детално направено истражување на локалните пазарни специфики, присутната конкуренцијата и прехранбените навики и многубројните остварени средби со партнери од Јапонија ширум саемите во светот, реализирани пред корона кризата.

Моментално Витаминка има континуиран извоз во повеќе од 30 земји, а со вклучување на  јапонски пазар, кој е исклучително софистициран и пребирлив, реализацијата на странските пазари го продолжува трендот на зголемување и кон најдалечните дестинации.

„Извезуваме во многу земји, со различни културни и прехранбени навики и различна структура на малопродажната индустрија од аспект на концентрација и формати, но извозот во Јапонија е посебно значаен затоа што овој пазар се издвојува со својот обем, високите квалитативни стандарди и многу различни и специфични нутритивни навики до кои успеавме да ги доближиме нашите производи. Се разбира, продорот што го направивме е резултат, пред се на квалитетот на нашите производи, како и извозната стратегија што ја развиваме континуирано и што дава позитивни резултати. Го испорачавме првиот контејнер на Карамел бисквит, со наш оригинален бренд, но со адаптации на јапонските стандарди. Во фаза сме на подготовка и на нови артикли за тој пазар. Задоволството од довербата што ни ја даваат партнерите од таква далечна дестинација во вакви кризни времиња е непроценлива сатисфакција за Витаминка”, вели Љупчо Велески,директор на Сектор извоз во Витаминка.

Извозот на Витаминка во Јапонија е поздравен и од Амбасадата на Јапонија во Македонија, со желби за долгорочна соработка и наклонетост на тамошните потрошувачи.

Би можело да ве интересира

Земјоделците бараат јавните повици за закуп на земјоделски парцели да бидат потранспарентни

Напорен период, но совладан! Комфи Ангел подготвени за нови работни предизвици во наредната, 2021

Елизабета Филипоска

Исплатени субвенциите за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе