3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Промоција на книгата „Односите со јавноста, социјалните медиуми и јавното мислење“ од Каролина Мицевска

Книгата ќе биде промовирана утревечер, 16 ти септември, во 19 часот, на летната сцена на Центарот за култура во Прилеп. „Односите со јавноста, социјалните медиуми и јавното мислење“ е првенче на Каролина Мицевска, новинар, вработена во НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Поводот и суштината на книгата е од научен аспект да се објасни влијанието на социјалните медиуми, но и  делувањето на секторот „Односи со јавноста“ во поедини институции,  врз креирањето на јавното мислење, вели Мицевска.

– Тоа е моја прва стручна книга која што произлезе од мојот магистарски труд насловен како „Влијанието на односите со јавноста, социјалните медиуми врз јавното мислење“ кој што го одбранив пред некоја година на Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип. Сакав на еден сублимиран, на еден реален, на еден практичен начин да кажам колку односите со јавноста, колку социјалните медиуми, односно социјалните мрежи придонесуваат да се креира јавното мислење. Во неколку поглавија, објаснувам што се односите со јавноста, социјалните медиуми, што е јавното мислење и како тоа може да се креира, односно врз која основа се создаваат ставовите кај граѓаните, кај слушателите, читателите, гледачите. Ова претставува книга прва од таков вид во Македонија, поврзана со ваква област како што се односите со јавноста, социјални медиуми и јавно мислење.

Односите со јавноста граѓаните различно ги перципираат, ги поврзуваат со маркетинг, со портпаролство, меѓутоа, но тоа, всушност,  е еден многу значаен процес на дејствување во некое општество, бидејќи токму тие придонесуваат да се креира и да се пренесе имиџот на една институција, или пак на една личност, во јавноста. Значи, тоа е двонасочен процес во кој што пораката се пренесува до публиката и потоа повратно се добиваат одредени сознанија од јавноста. Додека пак, социјалните мрежи во последниов период се многу значајни бидејќи многу брзо, со миг на светлината, се пренесуваат сите информации кои што доаѓаат до јавноста и граѓаните можат да ги читаат и споделуваат. Затоа велам дека односите со јавноста и социјалните медиуми имаат клучно значење врз креирањето на јавното мислење, вели Каролина Мицевска, долгогодишен новинар со 30 годишно искуство во професијата, коавтор во повеќе монографии, автор на неколку фотографски изложби во земјава и странство.

Книгата е поддржана од Министерството за култура и ја печати „Аце&Тони“ од Прилеп.

Би можело да ве интересира

Вечерва, повторно земјотрес!

Елизабета Филипоска

Советот на Општина Прилеп ја одржува 17 тата редовна седница

Гордана Цветаноска

Фил Феникс – спортски клуб за гордост на Прилеп и Македонија

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе