11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Коалиција СЕГА обезбеди заштитни средства за Ковид 19 превенција за деца и млади

Невладината организација Коалиција СЕГА во рамките на проектот „Поддршка на маргинализирани групи кон превенција од COVID-19 во Прилеп“, финансиски поддржан од НВО Група 484 од Белград и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград обезбеди донација во
вредност од 22.780 ЕУР. Средствата се искористија за набавка на хигиенски производи, средства за дезинфекција, маски, безконтактни термометри, диспанзери за дезинфекција на раце и печатен едукативен материјал. Проектот се спроведува со соработка со Општина Прилеп.

Извршниот директор на Коалицијата СЕГА, Зоран Илиески, рече дека донацијата се состои во : средства за дезинфекција на предмети и површини, 660 пакувања од средства за дезинфекција на раце, заштитни маски, од кои 10.000 ќе бидат поделени кај ромската популација а 5.000 во училиштата, потоа 4.400 пакувања антибактериски течен сапун, како и по 4 безконтактни термометри за секоја институција.

„Во текот на следната недела ќе направиме дистрибуција на средства за дезинфекција и заштитни маски кај ромското население во населбата Тризла 2, а ќе делуваме и со информативен дел со поставување постери, чија цел е подобрување на информираноста за заштитните мерки и превенција од
коронавирусот. Паралелно, заедно со Општина Прилеп вршиме и онлајн информативна кампања за информирање на младите за сите протоколи и мерки дадени од СЗО и Министерството за здравство, со цел да придонесеме за поголемо информирање на младите, но и целата популација за заштита од Ковид- 19“, нагласи Илиески.

Материјалот е дистрибуиран во сите основни и средни училишта во нашата општина, во детските градинки, Домот за стари лица, а наредната недела ќе бидат дистрибуирани во центрите за лица со попреченост и во населбата Тризла, за корисниците на гарантирана минимална помош.  Градоначалникот Илија Јованоски во името на граѓаните се заблагодари на помошта.

Сакам да ја поздравам иницијативата на Коалицијата СЕГА, да им честитам бидејќи се едни од ретките невладини организации во нашата општина, кои се погрижија да им излезат во пресрет на оние на кои ваквата помош им е најпотребна. Она што е најважно, е дека оваа донација стигнува не само во вистински раце, туку и во вистинско време, односно пред почетокот на учебната година“, истакна градоначалникотЈованоски.

Преку проектот обезбедена е поддршка за сите 10 основни и 5 средни училишта во Прилеп и околината на Прилеп, сите градинки, Центрите за деца со попреченост како и Домот за стари лица со : 5000 медицински маски, 1200 литри антибактерски течен сапун, 22 литри раствор – средство за дезинфекција на површини и предмети, 330 литри средство за дезинфекција на раце, 12 безконтактни диспанзери за дезинфекција на раце за училиштата, 60 безконтактни термометри мерење телесна температура наменети за училиштата.

Воедно, обезбедени се банери со визуелни инструкции за сите училишта кои ќе им помогнат за промоција и обезбедување лична заштита при спречување на ширење на корона вирусот. Воедно, за граѓаните од Ромската популација кои се приматели на гарантирана минимална помош обезбедени се 10.000 медицински маски и 1000 литри антибактериски течен сапун, а дополнително, ќе има информативен материјал за тековните мерки и препораки од СЗО за лична заштита преку поставување на информативни постери на Македонски и Ромски јазик.

Би можело да ве интересира

Француско-германска комеморација во Битола и во Прилеп

Гордана Цветаноска

Да не се „летаат„ дронови кај пожарите – Состојбата со пожарите прилепско

Елизабета Филипоска

Протест во Прилеп за слободен избор за вакцинирање

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе