10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Крушево повторно ја активира акцијата за донирање компутери

Крушево во пресрет на учебната година повторно ја активира акцијата „Донирај го својот стар компјутер“, за оние семејства каде што немаат компјутери, а им се потребни за нивните деца – ученици.

Оваа продолжена акција е во насока да се обезбедат уште вакви алатки за следење на настава на сите ученици во време на ковид криза со оглед на тоа дека претходните донации не ги задоволија потребите. По примерот на акцијата „Донирај го својот стар компјутер“ на општина Бутел и општина Крушево во мај започнува акција за обезбедување на компјутери за социјално ранливи семејства чија намена беше следење на „онлајн“ настава.  Во акција беа доделени беа поделени над 30 таблети.

„ Она што досега го обезбедивме не е доволно и потребно е уште. Затоа, ги повикувам сите граѓани, компании и организации да придонесат за образованието на децата“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Би можело да ве интересира

Државјаните на Македонија кои живеат во странство ќе можат да се пријават за гласање на референдумот

Гордана Цветаноска

Првaта група вработени од Еурокомпозит заминуваат како технолошки вишок

Гордана Цветаноска

Македонија го празнува 23 ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе