Вечерва на (04 октомври ) во Крушево , премиерно ќе биде изведена дуо драмата „Др.Хупутдис Но Боди”, по мотиви на “Тренер на духови” од Јон Бајешу, во изведба на две актерките, прилепчанката, Аница Бебиќ и крушевчанката ,Захарија Ангелеска.
Toa ќе биде необична престава која зборува за “замокот” каде не прогонуваат “духовите” на системот.

„Има тренери и еден чувар. Тренерите се поставени како убијци на совест, не само од минатото туку и од непосредната историја, шетаат слободно, обидувајќи се да влијаат врз совеста и слободата на изразување на поединецот. А, во замокот се ноѓа и едне чувар кој е неписме, и се обидува да станува “анѓел чувар” на сите оние што ќе им бидат испрани мозоците.“ – ни ја доближо преставата актерот Анкица Бабиќ, во разговорот на Радио Пела и го поттикна интерсот кај публиката.
Влезницит за вечерашната престава веќе се распродадени, но проектот и понатаму ќе биде поставен и ќе може да се погледне во наредниот период вели актерката.

Инаку, текстот е актуелен и денеска и нуди, и во исто време, и бара, креативно разбирање. Преку циничниот хумор се креира една тензична атмосфера помеѓу ликовите.
Тоа е нееднаква борба помеѓу слободното зло и затвореното добро. Трагичен антагонизам инспириран од актуелни настани.
Заклучок е : на сите ни треба чувар!

“Др.Хупутдис Но Боди„ преставува трет самостоен проект на Захарија Ангелеска, овој пат поддржан од Министерство за Култура , и за прв пат поставен во Македонија.
Дуо драмата “Др.Хупутдис Но Боди”, ќе се изведе во Дом на култура Крушево, во 19 часот и 30 минути, по сите прописи и заштитни мерки, имајќи ја во предвид новонастанатата здравствена состојба предизвикана од COVID 19.
Се препорачува држење дистанца и носење на заштитна маска, а бројот на публика , поради пандемијата е ограничен.
Сценографијаи дизајнот се на Маја Џеповска,музика е на Оливер Јосифовски, фотографијата на Андреј Рујаноски, а светло мајстор е Фани Ристеска.