29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилеп ја одбележува 80 годишнината од смртта на Али Фети Окјар

НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Прилеп денеска, 8 ми мај со почеток во 18:00 ч. во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп ја одбележува 80 годишнината од смртта на еден од најпознатите турски државници од поновата историја –  Али Фети Окјар, инаку роден прилепчанец.

Поздравно обраќање на тема „АЛИ ФЕТИ ОКЈАР – ИСТОМИСЛЕНИК И СОРАБОТНИК НА АТАТУРК“ на настанот ќе има Горанчо Цветкоски – в. д. директор на НУ Завод и Музеј – Прилеп.

Свое обраќање ќе има и внукот на Окјар – професор  д-р Али Фети Окјар. На тема „Прилеп во фокусот на македонско-турската книжевност и култура“ ќе говори Моника Талеска -(библиотекар),  и директор ЈОУ ГБ „Борка Талески“- Прилеп, а за „Перспективите на општина Прилеп за идна соработка“ ќе говори Борче Јовчески – градоначалник на општина Прилеп. На настанот ќе бидат присутни и ќе се обратат Хасан Мехмет Секизќок –  амбасадор на Р. Турција во Македонија и Актан Аго – генерален конзул на  Македонија во Р. Турција.

Носител на проектот, кој е  поддржан од Министерството за култура  Македонија е Рубинчо Белчески – кустос советник, историчар. Со проектот,  идејата е Прилеп во соработка со Република Турција и потомците на Али Фети Окјар да обезбеди спомен соба на еден од најпознатите државници на модерна Турција, кој бил најблизок соработник на Кемал Ататурк.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп докторски турнир во шах

Црвено-црната фурија на гости во Големо Коњари, фудбалски празник за сите

Џез звуците на првата фестивалска вечер на Prilep Jazz Weekend освежување на културното прилепско мени

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе