10.7 C
Прилеп
понеделник, 31 март, 2025
Пела Радио

Кадровски промени во институции во Прилеп

Три институции во Прилеп ќе добијат нови директори, неофицијално дознава радио Пела.

На местото на досегашната в.д. директорка на ЈКП Комуналец – Прилеп, Ирена Станковска, доаѓа Сашо Велески, кој досега беше во Управниот одбор на Телеком , а јавноста го знае и како советник во советничката група на СДСМ во предходниот состав, и како поранешен претседател на ОО СДСМ Прилеп

Во гимназијата, “Мирче Ацев” , проф. Весна Миланоска ќе го замени досегашниот директор Димче Настоски, кој ја предводеше оваа образовна институција од 2017 година, а во СОУ “Ѓорче Петров”, на местото на досегашниот директор Страшо Ѓорѓиоски, директорското столче ќе го заземе проф. Петра Лукароска.

Би можело да ве интересира

Распоред за теренска вакцинација од Ковид по населени места

Елизабета Филипоска

Од 2 часот ноќеска започнува летното сметање на времето

Пела Редакција

Прилеп има 3 нови случаи на коронавирус

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе