-1.4 C
Прилеп
недела, 23 февруари, 2025
Пела Радио

Медот и пчелните производи, инвестиција во вашето здравје, фестивалот на мед започна

Тридневниот, традиционален, Фестивал на медот на плоштадот „Методија Андонов Ченто”, во Прилеп, ги навести настаните по повод 11 Октомври, Денот на народното востание. Дваесетина пчелари од прилепско ја презентираа понудата од разни видови на мед и пчелни производи.

Годината започна за нив тешко, бидејќи беа погодени со рестрикциите во движењето со пандемијата, а не помогна ниту времето, велат тие. Нестабилните временски услови пролетта, како и дождовите кои следеа во летните месеци ја намалија понудата за околу 60 отсто. Сепак, главна причина се климатските промени.

-Ова е една од најтешките години за производството на мед. Климатските промени си го направија своето. Прво годината почна неповолно, пчелите не можеа да собираат медоносен нектар. Кога дојде јули со дождовите, ситуацијата малку се стабилизира, ама најмногу за да опстанат пчелите. Половината за нив, другото е малку за производство, вели Влатко Атанасоски.

Прилепските семејства кои одржуваат неколку генерациска традиција со пчеларење, велат дека им треба поддршка од државата, бидејќи за овие семејни бизниси да опстанат и да бидат рентабилни во овие тешки услови, потребна е помош.  

–Мали субвенции, ни требаат поголеми и еднократна помош во овие тешки времиња. Ни треба поголема финансиска поддршка. Имаме поголеми трошоци и треба да размислуваме на препарати кои ќе ги ублажат штетите од климатските промени, вели Дејан Бошкоски.

Фестивал на медот за отворен го прогласи градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.

Манифестацијата има за цел да ја промовира една од најздравите храни која, воедно е превенција и лек, доколку се зема редовно, а уште повеќе ако се користат и другите пчелини производи како што се прополис, матичен млеч или полен. Саемот за мед во Прилеп е годинава се 11-ти по ред, започна денеска, а ќе заврши на 11 ти октомври.

Би можело да ве интересира

На иницијатива на МТФ Војдан Чернодрински, во тек конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст

Корoнавирусот ги затвори фризерските и козметичарските салони – бараат мерки за зачувување на бизнисот

Елизабета Филипоска

Донација од 180.000 денари за Центарот за деца со церебрална парализа од турнирот во мал фудбал „Свети Никола 2017“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе