30.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Неофрмалната група од млади луѓе од Крушево донира компјутери

Тимот на „Викенд во Крушево – Вашиот онлајн туристички“ , се вклучи во  акција Донирај компјутер,  преку која се обезбедени два компјутери за деца од Крушево кои не можат да следат „онлајн“ настава.

„Нашата работа е да го промовираме Крушево и да ги информираме сите туристи за се што е поврзано со туризмот во нашиот град. Но, решивме да бидеме и општествено одговорни и да помогнеме на најмладите. Оттука, заедно со Крушево низ корија“ ја започнуваме акцијата Донирај компјутер – велат од тимот на Викенд во Крушево, неформална група на млади луѓе од Крушево кои самоиницијативно отпочнаа со работа за туристичка промоција на Крушево

Тимот „Викенд во Крушево има  поддршката и соработката со ОО Црвен крст Крушево, ООУ „Никола Карев“, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и општина Крушево.

Би можело да ве интересира

За дa не замрзнат цевките се троши вода како да е лето

По примерот на Идризово, прилепскиот затвор ќе добие работилница за изучување на занаети

Кадровските решенија тема на опозицијата и власта во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе