5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

ДАРКО И ДЕЈАН ШТАРГОСКИ – Со силата на новинарската реч – Предлог бр. 9 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември„

Со новинарска мака- квалитетно новинарско братство!

Ги гледате на терен, низ градот, низ прилепските улици и институции секојдневно со камерата во рака во потрага по нови стории, нови вистини за човечки судбии и за локалните опшествено политичките случувања. Не случајно се наш предлог. И, тие, како и сите предходни предлози, се поврзни со луѓето, групите, организациите, кои оваа година, несебичо и непрекинато работеа во ова новонастанато време на светска здравствената криза, во време, и кога пандемијата не стави во карантин, и кога болеста се ширеше прогресивно.

Граѓаните уплашено седеа дома, а тие, преку нивните медиумски видео записи, го пренесуваа животот во Прилеп, и дење ,и ноќе. Со новинарската љубопитност, први, преку нивниот видео објектив го видовме Прилеп и прилепските улици, како никогаш што не сме го виделе, таков – поинаков,  потонат во тишината на ноќта, како град на духови, без живот и џагор, без прилепски мајтап и ноќна бучава, празни улици, без душа и ритам , како напуштен маѓепсан град, чии жители потонале во сон или одамна се иселиле.  Браќата, Дарко и Дејан Штаргоски, со предизвикот на професијата, остана неуморни регистратори на се она што граѓаните, седјеќи дома и плашејќи се за своето здравје, не можеа да го осознаат, но го добиваа како информација токму од нивиот неуморен и храбар чин за објективно и навремено информирање и пренесување на инфомрцијата .

Нашите колеги ни открија и нови места во овој период. Пример : Кога сте имале можност да погледнете во напуштените прилепски скривници,  кои тука, се изградени од Втората Светска Војна ?!  Кога сте се втурнале во подземните пештери на Пелгонискиот регион, да ги откриете сталагмитите или сталактитие на пештерските убавини?! Кога сте застанале на браникот на правдата и вистината, за други ?!

Дарко и Дејан Штаргоски,  борците со новинарска реч до вистината, успешно го освојуваат медиумскиот простор и се нова новинарска сила во Прилеп, која работи на стории, што остануваат како новинарски трајни вредности. Со камерата и микрофонот во рака, тие со своите новинарски записи, се критичари и хронолози на опшественото живеење во Прилеп.

Повеќепати наградувани за нивните стории , пишувајќи, творејќи секојдневно, рабтејќи ја една од најтешките, најмакотрпните, најнеблагордоните и најмалку платените професии во ова време – новинарската професија во локална средина, тие се луѓе -професионалци кои се посветени на својата работа, одговорни,  доследни на новинарската професија, медиумски работници кои секојднево со своите стории добиваат пријатли и создаваат непријатли,  но не отстапуваат од намерата да се чуе, како што велат ,  „гласот на „малиот човек“, со сите негови маки, проблеми, но и радости и успеси„.

Според законот за авторски права ,не е дозволено преземање на оваа содржина, ниту реченица ниту пасоси од неа, без дозвола од редакцијата . Во спротивно би решавал Основниот суд Прилеп.

Би можело да ве интересира

ГОРАН КУЗМАНОСКИ – РАКОМЕТЕН ТРЕНЕР, со неуморен спортски дух – Предлог бр.7 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември„

Елизабета Филипоска

Дарко Неданоски – Спелеолог – поборник за спасителската служба во Македонија – Предлог БР.3 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември“ – Вљубеникот во природата!

Елизабета Филипоска

Хуманитарното здружение „Надеж за сите“ – Предлог бр. 1 на Радио Пела за најпрестижната општинска награда “3-ти Ноември “- Хуманисти со срце и дела!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе