5.3 C
Прилеп
понеделник, 10 февруари, 2025
Пела Радио

„Слободно театарче“ е дружба, љубов и ентузијазам (ВИДЕО)

Минатата 2024 година, драмската секција „Слободно театарче“ при СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп, постави и изведе три претстави, а во соработка со Радио Пела, беа дел  од проектот против трговија со луѓе и испратија силни пораки преку театарската претстава „Маѓепсан круг“ која освен во Прилеп, беше изведена и во Крушево, Кривогаштани и Дебреште.

Исто така, оваа особено успешна драмска секција минатата година со претстава и со свеченост одбележе јубилеј-25 години постоење.  Низ годините сработиле многу претстави, а секогаш средствата од продадените билети ги користат за хуманитарни цели. Бројката на вклучени во драмската секција варирала низ годините, а сега членуваат дваесетина ученици.

Покрај редовните членови, во  претставите често учествуваат и деца од основните училишта. Поранешната членка на „Слободно театарче“, Теона Крстеска веќе е студент на Факултетот за драмска уметност во Скопје, а таму планира да се запише и Вања Младеновски.

Постојано остваруваат многу соработки со локалната заедница и со различни здруженија, го промовираат своето училиште СОУ „Ѓорче Петров“, учат правилно да зборуваат, да имаат добра дикција, ги учат елементите на глумата, но најважно од се, се дружат, се социјализираат на корисен начин, градат нови пријателства и даваат свој придонес во културниот и хуманитарниот живот на Прилеп.

По повод номинацијата на „Слободно тетарче“ за 13 величествени, денес разговаравме со менторката  проф. Билјана Тинтоска и со претседателот на секцијата Михал Јорданоски. Слушнете што значи оваа номинација за нив, кои успеси ги постигнале во 2024 и што значи да се живее сплотено со љубов и ентузијазам во рамки на „Слободно тетарче“.

Ф.Д.

 

Би можело да ве интересира

Кога дијалозите во туѓа книга стануваат ваши

Пела Редакција

Гала оперски концерт во ЦК „Марко Цепенков“

Гордана Цветаноска

Со Господ напред и се плоди нашето племе

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе