11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Прилепската болница, доби амбулантно возило – донација од СР Германија, со посредство на невладината ЦГИ

Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп денеска доби донација – амбулантно возило, обезбедено од амбасадата на СР Германија со посредство на невладината организација „Центар за граѓански иницијативи“. Новото амбулантно возило е со целосна високостандардна медицинска опрема. На примопредавањето на санитетското возило, присуствуваше и заменикот амбасадот Ото Граф, како и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски.

– Санитетското возило кое ќе ни биде од голема корист во спасувањето на животите на пациентите од Општина Прилеп. Тие ќе бидат навремено и квалитетно транспортирани до соодветните клиники во Скопје, со што ќе им се обезбеди квалитетна здравствена заштита“, истакна Драган Богоески, директорот на општа болница „Борка Талески“ – Прилеп.

Со возилото за транспорт на пациенти значајно се зајакнуваат капацитите во болницата и се подобруваат здравствените услови и услуги,  особено во услови на пандемија со вирусот Ковид -19, истакна градоначалникот Илија Јованоски заблагодарувајќи се на Сојузна Република Германија и невладината ЦГИ за брзата интервенција со донацијата.

– Нашата стратешка соработка со Сојузна Република Германија продолжува и понатаму, тој стратечки однос кој и е познат на СР Германија од страна на нашата земја верувам дека и во иднина ќе продолжи. Посебна благодарност исто така сакам да упатам до Гоце Тодороски и неговата невладина организација ЦГИ за несебичното однесување и посветеноста за добивање на ова санитетско возило.Така се покажува општествена одговорност на било кој човек“, истакна Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп.

Заменик амбасадорот на германската амбасада Ото Граф потенцираше дека  соработката со Општина Прилеп ќе продолжи со цел унапредување на здравствената заштита и услуга.

-Се радуваме што можеме да дадеме свој придонес во подобрување на условите во здравствениот систем во Прилеп . Од повеќе страни имаме слушано дека транспортот на пациентите е проблематичен, претставува слаба точка на здравствениот систем и затоа сме среќни што ја имавме таа можност и овој фонд да го поддржиме Прилеп со едно санитетско возило. Се надеваме дека овој мал придонес ќе им помогне на граѓаните во овие специфични состојби со Ковид пандемијата, но посакувам всушност да не се употреби, рече Ото Граф, заменик амбасадор на Амбасадата на СР Германија.

Прилепската Општа болница изминативе месеци во континуитет добива донации како што се цистерна  за течен кислород, за подобро снабдување со кислород на сите одделенија и операционите сали во болницата, кревети за новороденчиња, постелнина, како и помош во заштитна опрема, неопходно потребна за вработените.

Би можело да ве интересира

Прилеп во чест на 11 ти Октомври (ВИДЕО)

Пела Редакција

Сузана Николоска од ООУ„Кире Гаврилоски Јане“ меѓу најдобрите просветни работници во Македонија

Гордана Цветаноска

Приведени тројца прилепчани, продавале дрога во долненско

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе