5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Македонија го празнува 23 ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

На 23 октомври 1893 година во куќата на солунскиот книжар Иван Хаџи Николов во Солун се собрале шестмина млади мажи за да ги ставаат основите на тоа, коешто ќе стане симбол и знаме на борбите на Македонците за слобода. Основоположниците биле: Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја македонски револуционерен комитет. Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите граѓани, се празнува од 2007 година кога бил донесен и изгласан новиот закон за државни празници по повод основањето на Македонската револуционерна организација во Солун.

Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Формирањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа преку НОБ резултира со создавање современа самостојна македонска држава. Овој датум се поврзува со организираната борба на македонскиот народ и народите кои живееле во Македонија за формирање независна држава. Во политичка смисла, борбата за автономија значела формирање самостојна држава и затоа 23 октомври симболизира континуитет на македонската борба за независност.

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, денеска упати честитка за празникот.

– Ви го честитам 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. На овој ден се потсетуваме на основоположниците на македонското револуционерно движење, кои беа водени од праведни идеали и принципи што, во нашиот регион, беа пред своето време. Тоа беа идеали за слободна македонска република, втемелена врз демократски принципи, во која ќе има соживот меѓу различните етнички, верски и јазични заедници. На нив се надоврзаа илинденците и антифашистите кои се бореа и се изборија за нашата слобода и државност, се вели меѓу другото во честитката.

По повод празникот, денеска делегации на Општина Прилеп, Советот на општина Прилеп, политички партии и здруженија на граѓани, положија свежо цвеќе пред споменикот на Ѓорче Петров и пред споменикот на Пере Тошев.

Би можело да ве интересира

Прилепчани се вакцинираат против сезонскиот грип. Ставени првите бесплатни вакцини

Елизабета Филипоска

Битолската „На дното“, „Домот на куклата“ на Турскиот театар и независната „Поол“ на МТФ „Војдан Чернодрински“

ДИК усвои 4 приговори за избирачки места во Крушево, Охрид и во Желино за парламентарните избори

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе