11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Последни подготовки за старт на откупот на тутунот

Во Институтот за тутун привршува верификацијата на мострите за тутунскиот откуп, процедура која што е неопходна за утврдување на проценката на вагите, односно за селекцијата на квалитетот на производството. Следи отворање на пунктовите во зависност од утврдената динамика на компаниите . Годинава во трката за преземање на реколтата се вклучени 10 откупувачи. Проценките на претставниците на тутунарите, Сојузот на земјоделски здруженија, се дека нема во голема мерка да бидат надминати договорените 23 илјади тони ориентален тутун.

– Според договорите, откупните компании се обврзани да преземат и плус 10 отсто повеќе од количината со кооперантите, иако сметам дека поради временските прилики, особено во периодот од првите берби, нема да биде исполнета квотата која што е пријавена во ресорното министерство. И годинешната реколта е со одличен квалитет, вели Мендо Стомнароски од Сојузот на земјоделски здруженија.

Досега, за предвремен откуп, пријавена е само една компанија, Сокотаб, која што започнува од понеделник, 16 ти ноември, со преземање на реколтата. Неофицијално, до крајот на месецов ќе се приклучат уште двата откупувачи Тутунски Комбинат и Алијанса. Според законот за тутун, 15 ти декември е најдоцниот датум за сите да ги отворат вратите на пунктовите за откуп.

Според утврдените цени во договорите првата класа е 280 денари, втората е 206, третата изнесува 155, а четвртата класа е 90 денари. Останатите, дополнителните класи цените се 80 и 60 денари.

Би можело да ве интересира

Градскиот пазар се пресели кај катната гаража?!

Гордана Цветаноска

Најди време, да не биде 5 до 12 !!! (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Гордана Цветаноска

Даниела Перканоска од Авто Контрол Прилеп, е дел од Марили бизнис клубот на најуспешни жени менаџерки од регионот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе