11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Изложба на три циклуси на техничка и идејна концепција

Попладневно, (13.11.2020 /петок) во Ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ е отворена изложба на дела „Лунарно – Соларно, Камено – Метално, Клин“ од уметникот Дамјан Ѓуров. Изложбата е симбиоза на три циклуси преку техничка и идејна концепција.

Во циклусот Лунарно-Соларно се потенцира на потребата за симболичко доживување на светот и неговиот космоген карактер. Во овој случај, во рамки на соларниот систем. Како директен обликувач на менталниот светоглед и потребата од одговор на загатките. Додека пак во циклусот  Камено-Метално време се навраќам повеке на земскиот карактер и поопипливо ја доловувам земската и архаична димензија кај човекот,за на крај во последниот циклус Клин, на сосема различен пристап, а  сепак симболички, е соочуван човекот со егзистенцијалните проблеми и неговото присуство во општество.   Циклусите Лунарно-Соларно и Камено-Метално време имаат еден сличен пристап во начинот на кој се комбинираат матријалите и нивното спојување. Симболиката се проткајува низ делата од двата циклуси и преку спојувањето на матријалите и преку идејната концепција. Видно е изоставен фигуративниот приказ на човекот.  

„Во циклусот КЛИН авторот навестувам едно ново поглавје. Од технички аспект  во смисла на матријалната концепција, (мислам на комбинирањето на различни матријали)но и преку фигуративниот наративен приказ на анатомијата и самиот човек. Во целата оваа симболичка и историска вертикала, главниот чинител и создавач  е човекот и преку него продолжувам да ја толкувам мојата приказна (концепција).“-вели уметникот

Сите овие циклуси имаат за цел да се долови развојот на една мисла како во идејна така и во техничка смисла. 

“Овој начин на излагање  е исто така запознавање на пошироката публика со моето  минато творештво се со цел да се направи една мала ретроспекција.“-вели уметникот Дамјан Ѓуров

Би можело да ве интересира

Изложба на дела од Атанас Ристески – Пембе

Елизабета Филипоска

Градска библиотека „Борка Талески“: Промоција на книгата Радио од новинарот Љупчо Јолевски

Гордана Цветаноска

Четири награди за претставата „Народен непријател“ и Македонскиот народен театар на 56. МТФ „Војдан Чернодрински“

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе