20.4 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Советот одржа седница онлајн, без “присуство“ на новинари. Сите предложени точки усвоени

Советот на општина Прилеп, денеска ја одржа редовната 49-та седница која поради состојбата со пандемијата на коронавирус, беше реализирана онлајн. Новинарите добија само текст со точките на дневен ред, но не беа вклучени да ја следат седницата. Па, како што се вели во наративниот текст на пиар службата на Локалната самоуправа сите точки од дневниот ред се усвоени, без никакви заеблешки.

Советниците го усвоиле заклучокот за примена на Уредбата со законска сила на законот за локална самоуправа за време на вонредна состојба и Уредбата со законска сила за дополнување на уредбата со законска сила на законот за локална самоуправа за време на вонредна состојба што беа точки од дневниот ред.

Членовите на општинскиот Совет дале „зелено светло“ за кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Прилеп, за третиот квартал од тековната 2020 година, како и за Планот за развојни програми за 2021 година.

Зборувајќи за развојните програми за 2021 година, градоначалникот Илија Јованоски рекол дека следната година ќе започне реализацијата на три капитални инвестиции: детската градинка и покриениот базен во населбата „Точила“, како и реконструкцијата на Старата чаршија и рекол:

„Во договор со сопствениците и закупците на дуќани, реконструкцијата на Старата чаршија, во зависност од временските услови, ќе започне кон крајот на февруари или почетокот на март. Реконструкцијата ќе чини 50 милиони денари, од кои 30 милиони ќе бидат исплатени во 2021 година, а преостанатите 20 милиони во 2022 година. Изградбата на детската градинка ќе започне во месец март, а ќе заврши до крајот на 2021 година. Станува збор за тригодишна програма, чија цена на чинење изнесува 133,5 милиони денари, кои ќе бидат исплатени во еднакви суми од по 44,5 милиони денари во следните три години. Слична е ситуацијата и со покриениот базен, проект вреден 140,1 милион денари, средства кои ќе се плаќаат во 2021, 2022 и 2023 година, во три еднакви рати од по 46,7 милиони денари“, рекол градоначалникот Јованоски, пишува пиар службата на општината.

На седница, членовите на Советот на општина Прилеп дале согласност и за тримесечните извештаи за финансиското работење на ЈКП „Водовод и канализација“ и ЈКП „Комуналец“, за периодот од 01.07.2020 до 30.09.2020 година. Исто така, советниците го усвоиле и финансискиот план на ЈКП „Комуналец“ за 2021 година. 

На оваа седница беше и точка за ФК Победа и требаше да биде усвоена одлука за доделување на  средства на ФК “Победа” – Прилеп, но дали советниците ја разгледаат оваа точка и колку средства и се доделени на Победа од буџетот, останува да ја побараме како дополнителна информација.

Би можело да ве интересира

Вечна им слава – 21 година од погибијата кај Карпалак

И сметководителите се приклучуваат кон протестот на угостителите и туристичките работници

Гордана Цветаноска

Градоначалникот Јованоски: „Гужвањето пред банките во услови на пандемија, е неодговорно и недозволиво„

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе