12.8 C
Прилеп
вторник, 15 октомври, 2024
Пела Радио

Вистинска приказна на млада мајка со дијабет и важноста на исхраната- Светски ден на дијабетесот, 14 -ти ноември

“ Во екот на најсилните рестрикции поради короната, во 28 г. ми констатираа дијабет. Ендокринологија беше затворена за пациенти, а докторите во приватните болници баш тогаш беа на одмор. Некои други приватни клиники исто така не примаа нови пациенти. Скроз збунета и крајно исплашена немав поим што да правам. Среќа го најдов вистинскиот човек. Со нејзиниот план за исхрана успеав до крај на бременоста совршено да го регулирам шеќерот. Многумина ми викаа дека мора да почнам да јадам месо за полесно да го регулирам ама ете успеавме и без месо.Секој кој имал гестациски дијабет знае колку е тешко да се контролира. Освен тоа во бременоста нема време за експерименти, мора да се делува одма. Јас успеав без лекарства и само со исхрана да го ставам под контрола уште првиот ден. Сега и Симон нема никакви проблеми со грчеви, иако велат дека децата родени со царски рез обавезно имаат грчеви. Навистина верувам дека во ова имаше удел и мојата исхрана. Со двете раце потпишувам за мојот нутриционист Вики, (Викторија Илиоска дип. Нутриционист од Нутри Ви Клуб -Прилеп) која ми помогна во најтешките моменти.– напиш Александр од Скопје, која има дијабет, но научи за важноста на исхраната за квалитетен живот.

Дијабетесот претставува нарушување кое се карактеризира со хипергликемија-зголемување на нивото на шеќер во крвта,

која резултира или од недостаток на инсулинска секреција или од неможноста инсулинот да биде искористен за својата намена – а основна намена на овој хормон е намалување на концентрацијата на глукозата во крвта.

Викторија Илиоска дип. Нитриционист (NitriVi Club-Прилеп) , вели дека ИСХРАНАТА и ЖИВОТНИОТ СТИЛ се од исклучителна важност,

не само за намалување на ризикот од компликации, туку и за мониторирање на состојбата и можност за нејзино целосно надминување. Доколку е во почетна фаза дијабетот, голема е можност за негово спречување, но и можност за намалување на инсулинската терапија, во подоцнежните фази. Информациите за начинот на исхрана, физичка активност, одржувањето на телесната тежина, нивоата на глукоза во крвта, користење на препишаните терапии, грижа за очите, грижа за стапалата, грижа за кардиоваскуларното здравје и контрола на здравјето мора да се почитуваат.

ШТО ДА СЕ ПРЕВЗЕМЕ?! КАКО ДА СПРЕЧЕМЕ?!

Исхраната во регулирање на предијабетична состојба и дијабетес тип 2. Грешниот пристап во врска со дијабетесот е зголемување на анималната (месо) храна и протеините од живтоинско потекло со цел да се намали внесот на јаглехидрати во исхраната, при што се очекува да се регулира и гликемијата. Покачените масти само го зголемуваат ризикот за развој на дијабетес, и зголемени компликации од негово постоење ( пр. кардиоваскуларни компликации).

Па, што да се јаде?

ОвошјеПогрешен е стравот на луѓето со дијабет дека овошјето, мешунките и интегралните житарици не треба да се конзумираат.

Напротив, во мениата за исхрана кај пациенти со дијабетес тип 2, треба да се вклучени регулирани количини на овошје и тоа цели плодови овошје кои содржат растителни влакна , а цедени овошни сокови би требало да се избегнуваат. Природниот склоп на нутриентите во составот на овошјето е таков да не предизвика рапидно покачување на шеќерот во крвта.

ЗеленчукотЛук, кромид, блитва, спанаќ, би требало да бидат неминовно вклучени во менито на дијабетичарите

Тие се богатство на витамините Ц, флавоноидите и антиоксидантите кои ќе се борат против сите ризици и за можните кардиоваскуларни компликации на дијабетесот. Салатите да се засладуваат со ладно цедено маслиново масло, за кое многу студиии покажале дека дејствува позитивно за одржување на нивото на шеќерот во крвта стабилно. 

Јаткастите плодови – Тие се големи регулатори на искористувањето на глукозата од организмот, а добро е да ги вклучите во комбинација со изеден плод овошје или одредена јаглехидратна храна.

Мешунките. Особено леќата и гравот (со нивната висока содржина на растителни влакна и растителни протеини) се оброци кои е многу препорачливо да се воведат во менито, придружени со обилна зеленчукова салата. Овесот, кој треба да биде што помалку обработен, добро сварен и комбиниран со свежо овошје, јаткасти плодови и цимет ќе ви го даде еден од најстабилните доручеци за контрола на шеќерот.

Рибата, особено масните риби, како богатство на омега-3 масни киселини, се потребни за вклучување во менито на дијабетичарите, заради нивните бројни бенефити за нервниот систем кој е засегнат од непосакуваните компликации на дијабетесот. 

f

Зачини – Се издвојува циметот. Воведете цимет во вашите пијалоци или овесни каши.

Житарици Амарантот, хељдата и киноата се одличен избор за сите дијабетичари за внес на растителни протеини, стабилна гликемија, држење ситост и внитаминско-минерален внес. Со 4 лажици од овие намирници и богата зеленчукова салата, веќе имате и ручек пред себе, а може да ги додавате во помала количина и во доручекот или вечерата, без да се грижите за вашиот шеќер во текот на ноќта.

Кога станува збор за лебот – тоа да биде леб од интегрално брашно – но внимателно читајте на декларациите од лебот за процентот на вклучено брашно, каде секогаш поголем треба да биде оној на интегралното брашно. ‘Ржаниот леб е одличен избор за дијабетичари поради високо минералниот состав на ‘ржта и нејзиното поволно влијание врз шеќерот во крвта. Избирајте леб со што помалку непознати имиња за вас додека го читате составот.

Што да не се јаде?

Намирници со додаден шеќер, концентриран шеќер: слатки , грицки, газирани сокови, рефинирани житарици со додаден шеќер, бело брашно и производи од бело брашно – леб, пецива, тестенини, високо преработена храна, пржена храна..

Сувото овошје и цедените овошни сокови знаат да бидат проблем . Заситени масти – кои го зголемуваат ризикот од покачување на телесната тежина и развојот на кардиоваскуларни компликации.


Физичка активност и животен стил 

Голем број на научни студии пронашле и потврдиле значајна асоцијација помеѓу физичката неактивност и дијабетес тип 2.
Овие студии покажуваат резултати на зголемена сензитивност кон инсулинот после воведување на физичка активност. Исто така, истражувањата кажуваат дека физичката активност може да направи особено придонес во почетните фази на дијабетесот тип 2, пред воведување на инсулинска терапија. Физичката активност има голем број бенефити за добро здравје, па така со овој склоп е неминовна доколку сакате вие да го раководите дијабетесот, наместо тој вас.


Стресот стресот е придружен непријател на дијабетесот. Лачењето на хормонот кортизол преку стресот, директно влијае врз глукозата во крвта и нејзино покачување. Обидете се подобро да го организирате вашиот ден, со цел да се намали стресот (кој не го чувствуваме, но негативното влиание е тука ) и правете она што ве прави среќни и исполнети. Сонот не треба да се занемарува, затоа што редовноста на сонот е неопходна .

Денеска ,се одбележува Светскиот ден на орба против дијабетесот , 14 Ноември

Без терапија, дијабетесот може да доведе до сериозни компликации вклучително и слепило, ампутација, откажување на функцијата на бубрезите, срцев удар и мозочен удар. Во 2017 година се смета дека дијабетесот бил одговорен за 4 милиони смртни случаи.

Светскиот ден на дијабетесот за прв пат почна да се одбележува во 1991 година од страна на Интернационалната федерација за дијабете (IDF) и Светската здравствена организација (WHO) поради големиот пораст на бројот на пациенти чие здравје е засегнато од дијабетесот.Светскиот ден на дијабетесот стана официјален ден во 2006 година со усвојувањето на Резолуцијата 61/225 од страна на Обединетите нации. Се одбележува секоја година на 14 ноември, денот кога е роден Сер Фредерик Бантинг, кој го открил инсулинот заедно со Чарлс Бест во 1922 година.

Би можело да ве интересира

Александар и Дац заедно со Нино со нова музичка верзија на Бабино Девојче (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Музички филиграни 4

Никола Димески

Вистински прилепски филиграни Славчо Бунте и Блаже Даскало

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе