Во насока на мисијата и визијата на компанијата “Градиме компанија која ќе постои и после нас„ компанијата Комфи Ангел во последните три месеци, независно од новонастанатата ситуација со КОВИД 19, го зголеми бројот на нововработени.
„Во тој контекст да ги поддржиме нововработените лица во компанијата и да ги охрабриме во извршувањето на нивните работни обврски во нашето Комфи Ангел семејство, се’ со цел да им укажеме на младите дека и во Македонија може да си го остварат своето право на работа, дека и во Македонија можеме да градиме добар животен стандард. А, најдобро е да се живее онаму каде се зборува на мајчиниот јазик, каде се дебатира и разговара на сопствениот јазик.“ – истакна менаџерот на компанијата Комфи Ангел, Ирена Јакимовска на редовната средба со вработените, која и овој месец се одвиваше онлајн, поради корона ситуацијата.
Во таа насока, таа потенцира дека и мерките на заштита и превенција од Ковид 19 во текот на работното време што ги презеде компанијата вродиле со плод, бидејќи бројот на заболени во компанијата е симболичен.
„Заклучивме дека најбитно е она што го направивме – го заштитивме здравјето на нашите вработени , ги заштитивме капацитетите на нашата компанија и само на овој начин можеме да ги реализираме обрските до крај на годината, токму онака како што ни е договорено со нашите купци, се’ со цел да си ја завршиме годината како што е планирано, успешно, благодарение на нашата вложена енергија, концентрација, а пред се’ професионализам.”- потенцира Ирена Јакимовска
Со цел заштита од КОВИД 19 компанијата максимално вложува во заштита на вработените. Покрај редовните мерки на дезинфекција, носење на маски, држење дистанца, компанијата двојно го зголеми капацитетот за колективниот превоз на работници, а менанџментот побара да се почитуваат мерките за транспортирање на работниците од домот до работа, со седење преку едно седиште во автобус .
На месечната средбата како новопримен работник беше пофален, Кристијан Пашоски, кој има работна задача да се грижи за безбедноста на работниците и безбедноста на имотот на компанијата. Воедно, компанијата му оддаде сочуство на семејството на нивниот долгогодишен работник, Петре Тодороски, кој починал од КОВИД 19.
.„ За жал, нашиот работник Петре Тодороски не успеа да дочека пензија од нашата компанија, иако секој еден пензионер е гордост на компанијата, бидејќи тука го реализирал својот работен век. Но, за жал Петре тоа не го дочека , а нам само ни преостанува да го посетиме неговото вечно почивалиште и што подолго да го паметиме како одличен работник„- посочи Јакимовска
Во наградната лотарија, која секогаш останува за крај, добитник беше Елена Станкоска, а компанијата одлучи овој пат собраните средства
од месечниот солидарни фонд на работниците, да му бидат доделени на работникот Пепи Бундески, за неговото понатамошно лекување од болеста на 21 век, ракот.