11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Над половина од направените брзи Ковид тестови во Прилеп, со позитивни резултати

Брзите тестови за Ковид 19 кои се реализираат во Здравствен дом Прилеп се пред крај. Од вкупно 250 тестови кои пристигнаа во вторникот во Прилеп, за брзо детектирање на присуството на корона вирусот, во Уредот овие три дена, започнувајќи од средата, а заклучно со денеска ќе бидат употребени 150 тестови.

„Остануваат уште уште 100 брзи тестови кои ќе се аплицираат во понеделник и вторник. Ние правиме напори за дополнителни количини од Министерството за здравство со што ќе го намалиме притисокот за ПЦР тестовите за кои треба да се чека на резултати подолго време“, вели др Оливера Аџиоска, директор на Здравствен дом Прилеп и додава дека овие тестови се покажале многу ефикасни бидејќи постапката за дијагноза трае 15 тина минути, а граѓаните преку матичните лекари резултатите ги добиваат истиот ден.

Она што е алармантно се процентите според бројот на реализираните тестови во еден ден и резултатите за присуство на вирусот. Имено, првиот ден од вкупно направени 44 брзи тестови во Прилеп, дури 25 биле позитивни, додека денеска за третото тестирање од вкупно 43 реализирани тестови, дури 23 биле позитивни ,информираше на Фејсбук Аџиоска.

За брзите тестови закажувањето се прави преку матичните лекари, а во Здравствениот дом обезбедена е засебна просторија со посебен влез, обучени се двајца лаборанти кои работат со нив.

Постапката е едноставна, закажувањто на тестот оди преку матичните лекари преку Мој термин, а се одвива со земање на брис од носот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Со отворен час одбележани 30 години од смртта на Блаже Конески

Гордана Цветаноска

Се слави Денот на словенската писменост

Елизабета Филипоска

Од полноќ изборен молк пред вториот круг од локалните избори

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе