14.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Владата прогласи кризна состојба

Со тоа се потврди вчерашната препорака од Советот за безбедност кој се состана кај претседателот Пендаровски.Ова ќе значи дека Армијата се вклучува во битката со корона вирусот, а државата може да ги користи ресурсите на приватните болници во битката со Ковид-19. Кризната состојба ќе трае во следните 30 дена и не значи дека ќе има и полициски час.

Владата заклучи и Главниот штаб при Центарот за управување со кризи веднаш да започне со подготовка на Акциски план за превенција и справување со ширењето на вирусот, како и целосен преглед за расположливи човечки и материјално-технички ресурси и план за координирано дејствување.

Исто така, Владата донесе заклучок и Министерството за внатрешни работи, Министерството за одбрана, Министерството за здравство, Армијата, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување, сите расположливи капацитети и ресурси да ги стават во функција на справување со кризната состојба.

Би можело да ве интересира

Микросам на најголемиот американски саем за современи композити – CAMX 2022!

Во Банат, Србија, улица ќе биде именува по Тоше Проески

ВО ЧЕСТ НА ГОДИШНИНАТА ОД РАЃАЊЕТО НА ЧЕНТО

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе