7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Видео) Актер доби скршеница на нос поради што опоменал да се носат заштитни маски во маркет

На добрите луѓе не им требаат закони за да се однесуваат правилно, а лошите, секогаш ќе најдат начин за да ги заобиколат. (Платон) Актерот Михајло Миленкоски  од прилепскиот театар преживеал вистинска драма, само што напоменал дека во маркетот треба сите купувачи да носат маски.

Пазарејќи во еден од прилепските маркети забележал дека дел од потршувачите не носеле маски. Актерот Михајло Миленкоски раскажува како бил нападнат, бидејќи побарал од луѓето од супермаркет да им напоменат  на купувачите да носат маска

И, тоа го чинело здравје!

Се случи дење на пладне. Влегов да пазарам во маркет во центарот на Прилеп, му се обратив на вработениот, изреагирав, велејќи дека не е добро да оставаат луѓето што пазарат да не носат заштитна маска, со оглед на целата ситуација во која се наоѓаме со пандемијата. Момчето коешто не носеше маска, слушна дека реагирам и ми рече, „ќе видиш надвор кога ќе излезеш, ќе се разбереме“. Можеби 20 минути останав во маркетот и целосно го заборавив овој момент. Платив на каса и излегов. Надвор ме чекаше момчето. Му реков „извини, јас немам ништо со тебе, само забележав на вработените“. Заминав. Но, тој ме тргна, ме удри со бокс и јас повеќе не се сеќавам. Ми кажаа дека сум изгубил свест. Некој од луѓето викнале итна помош, ме однеле во болница. Таму се освестив. По 7 часа ме пуштија од болница, дојдоа другарите да ме земат – раскажува сè уште вознемирен актерот Миленкоски.

Се покажало дека добил потрес на мозокот, дека има скршен лев синус и скршеница на вилицата и дека неколку дена требало да мирува целосно.

Тоа се лучи пред 10-тина дена, но сакав да ги заштитам моите , мајка ми и сестра ми, кои се со хорнични болести, и оваа вест ќе ги повредеше и можеше да го загрози и нивното здравје. Напаѓачот е пријавен во полиција. Полицијата сеуште немаат информации за идентификување на насилникот, иако јас лично му ја однесов фотографијата која ја надов на фејсбук.  Сакам правдата да биде побрза, но и апелирам да се почитуваат мерките на заштита од овој вирус, бидјеќи тие се во интерес на нашето здравје и здравјето на другите – раскажува актерот Михајловски

Целата приказна чујтеа во продолжение

Би можело да ве интересира

Во прилепско поднесени близу 2 000 барања за земјоделски субвенции

Гордана Цветаноска

СВР Битола и ОВР Прилеп го одбележаа Денот на македонската полиција, 7ми Мај

Маестрален концерт на прилепскиот хор „Керамија“ (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе