17.2 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Активен е пожарот во прилепско од Топлица до Крстец- Крушево свикува итна седница за заштита од пожари

Продолжуваат напорите за гаснење на пожарите, кои се уште се активни на повеќе места во државата.  Пожарот во атарот на селата Топлица, Ракле и Никодин е сеуште активен во делот од Топлица према село Крстец во тешко пристапен терен. Во текот на вчерашниот ден интервенирале 6 работници од ЈП Национални Шуми – „Црн Бор“ – Прилеп. Во текот на денот немало поддршка за гасење со воздухоплови. ТППЕ – Прилеп не испратиле екипа на овој пожар во текот на денот.

Советот на општина Крушево утре, четврток, ќе одржи вонредна седница со една точка на дневниот ред: насока на превенција односно заштита од пожари и евентуално справување со пожарите.Седницата се свикува на иницијатива на советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Започнаа да течат роковите за локалните избори 2025

Протест на дел од вработените во Македонска Пошта, во прилепско неуредна достава

Пела Редакција

Инклузивно детско игралиште наскоро на Могилата на непобедените

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе