11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Карантин нема, волонтерите од Спасителната служба Златоврв се вклучија во акција

За Прилеп нема посебни рестриктивни мерки, барем според денешните најави на министерот Венко Филипче и констатацијата дека врвот на епидемијата е веќе достигнат. Но, локално, на терен започнаа активностите на волонтерите. Имено, 30 тина млади луѓе од  Спасителната служба Златоврв од денеска започнаа да помагаат во воспоставување на редот пред банките, болницата, пофреквентните маркети и секаде каде што има поголемо групирање на граѓаните.

Покрај тоа екипите составени од по неколку младинци доставуваат лекови и намирници до изнемоштени и повозрасни луѓе кои поради ризикот од инфекција не се во можност да го сторат тоа самите.

 – На телефонските броеви: 073 333 800 и 073 333 900 веќе се јавуваат граѓани за да се пријават за волонтирање, да побараат помош и да дадат поддршка за нашите активности. Во периодот од 8 до 16 часот во овој телефонски центар контактираме со нашите сограѓани. Од општинскиот Кризен штаб обезбедени се возила со кои ги дистрибираме намирниците, по претходен договор со лицата кои се јавиле. Потребни се повеќе доброволци, оние кои се чувствуваат здравствено добро, особено со медицински предзнаења за да се вклучат во оваа хумана акција, вели Дарко Неданоски, од Спасителната служба Златоврв.     

На повикот за помош, во екипите на доброволците, се вклучи и иноваторот Сашо Јандрески, познат по уникатниот медицински шприц, кој е сега студент во Словенија, но од неодамна се врати да помогне во справувањето со епидемијата во родниот град. Тој на социјалната мрежа Facebook повика за вклучување на младите во волонтерската служба:

Би можело да ве интересира

ХОЛАНДСКИОТ ПИСАТЕЛ КОЈ ЈА ОВЕКОВЕЧИ МАКЕДОНИЈА И ОХРИД

Пела Редакција

Од март, нова услуга на сметките за прилепчани од ЈКП ВиК

Гордана Цветаноска

Железничкиот премин го блокира патничкиот сообраќај во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе