16.4 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Спортски клуб со големо срце, ЏК Сеишин со уште една донација за прилепската болница

Џудо Клубот Сеишин Прилеп денес повторно учествуваше во хуманитарна акција за Општата болница „Борка Талески“ Прилеп. Станува збор за скромна донација во рамките на нивните можности но, прекупотребна за пациентите и за медицинскиот персонал. „Спортистите секогаш треба да бидат пример за хуманост, разбирање и помош кога е најпотребно и да подадат рака во вистински момент. Џудо клубот Сеишин Прилеп упатува Апел до сите сограѓани, здруженија, правни и физички лица да се вклучат во ваквите хуманитарни акции кои се потребни во овие тешки моменти, будејќи само заедно сплотени можеме да го победиме ова зло“, велат од раководството на клубот.

ЏК Сеишин и досега е во првата линија со позитивни одговари на повиците за помош во борбата со корона вирусот. Пред само неколку денови членови од клубот се приклучија во донацијата организирана од прилепскиот еснаф, фризери, бербери и козметичари.

Би можело да ве интересира

Чесниот крст во рацете на Благојче Цветкоски во Славеј

Откупот закочи – клуч се повисоки цени !!! (ВИДЕО)

Пела Редакција

Прилеп, ден пред Пивофест – подготвен за фестивалот! (ФОТО – ГАЛЕРИЈА

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе