5.4 C
Прилеп
петок, 15 ноември, 2024
Пела Радио

Прилепските тутунари на протест – бараат повисока откупна цена

Масовен протест на прилепските тутнарите. Тие денеска, кои со механизација, кои пеш, продефилираа низ улиците на Прилеп и се задржаа пред зградата на Локалната самоуправа .

Бараа повисока откупна цена на тутунот и реална процена на тутнот, како и  поддршка од Сојузот на земјоделските здруженија. Ова, велат тутунарите, е предупредувачки штрајк „за да ги сфатат колку сме сериозни“, најавувајќи притоа дека од утре ќе има протести низ цела држава, секаде каде има тутунопроизводители.

– Ние се одлучивме сето ова да го покренеме зашто нашата мака вреди 1 кутија цигари. Станување во 2 саатот, целодневна работа, вреди 100 денари. Тутунот ни се зема и се проценува 100 денари, се проценува трета и четврта класа, а одбитоци 10 отсто. Луѓето одбиваат да го дадат, не можат да ги покријат ниту сопствените трошоци. Не’ кошта 150, а ни го земаатза 120 денари. Ова не може вака да биде имора да се крене протест. Затоа одлучивме самоиницијативно. Никакви политички партии зад нас не стојат. Ние сме Македонци, Албанци, Турци, муслимани, Роми, не ‘ има од сите националности. Нас не’ обедини маката. И затоа нема да останиме на ова, мора да се крене гласот, да не’ слушнат. Нашите барања се: Да се откупи целокупниот тутун, не само по  договорите. Луѓето имаат произведено 1000 кгр, имаат договор за 800, тие 200 каде ќе ги носат? Тоа мора да се преземе. Одбитоците да бидат максимум 5 отсто во сите класи. Да не се цени тутун на 5 листови во пакетите.  Да се гледа вкупната маса на тутунот во пакетот, вели Игор Мирчески од иницијативниот одбор група „Македонски тутунари“.

Тутунопроизводителите велат дека ова е  предупредувачки штрајк во Прилеп за да бидат сфатени сериозно, и бараат власта да го реши проблемот – веднаш и сега, и не да не дозволи масовни собири за време на Ковид кризата. Досега се отворени се 4 компании, но земјоделците стравуваат дека и останатите и останатите откупувачи ќе продолжат со досегашната стратегија. Земјоделците велат дека предлогот од министерот за укинување на 4 тата класа не држи место, бидејќи на таков начин откупувачите ќе го купуваат тутунот во дополнителните класи. Производителите сметаат дека не само четвртата, треба да се укинат и дополнителните класи.

– Јас сум тутунопроизводител,  имам околу 5 тона и самата цена годинава кажува дека не се плаќа и не се цени реално тутунот. Не може да биде со толку лош квалитет кога сите знаеме каква година имаше. Немаше толку врнежи низ целата година, за тутунот да биде расипан. Тутунот нам не ни се цени реално. Не може со 10 ливчиња да ја процени цела кутија тутун. На оваа цена не се исплаќа да се произведува, вели Николче Петровски.

Воедно, тутунарите ги повикуват и од Сојузот на земјоделски здруженија да ги поддржат во настојувањата за фер проценка на вложениот труд.

– Не  е само проблемот со цената, проблемот е во самото здружение, кое што е избрано од наши финансии што ни запираат, но тие не ги застапуваат нашите барања. Исто така кога ги склучувавме договорите ни беа намалени и количините на тутун што требаше да ги однесеме. Тогаш требаше здружението да алармира и да застане во наша полза. И во овие 15 тина дена здружението го немаше никаде, чекаше ние како иницијативен одбор да застанеме зад народот, за здружението да се јави и да не’ поддржи. Тие најавија дека ќе ги повлечат поверениците, од утре, да видеме дали тоа ќе се случи, а ние ги повикуваме да не поддржат на протестот, вели Тони Ангелески, тутунар.

Доколку државата не преземе веднаш мерки за решавање на проблемот со ниската линија на проценка на тутунот, земјоделците најавуваат масовни протести низ целата држава секаде онаму каде што се произведува тутун.

Инаку, министерот за земјоделство, Аријанит Хоџа пред неколку дена нагласи дека ќе се потрудел во договор со откупувачите да се укине 4-тата класа, која е премногу ниска и ги повика сите тутунари да ги пријавуаат неправилностите. Тој не ја исклучи можноста деновиве да ги посети пунктовите во прилепско доколку продолжи незадоволството на тутунарите.

Би можело да ве интересира

Прилеп и Куманово за прват заедно ќе го одбелжат 11-ти Октомври – поставена репликата на „Орденот за народен херој“ за град Прилеп

Елизабета Филипоска

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (63)

Пела Редакција

Донкихотска битка на вработените од Еурокомпозит за нивните работнички права

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе