6.7 C
Прилеп
петок, 6 декември, 2024
Пела Радио

Од КОВИД 19 почина лекар од Крушево

Матичниот лекар од Крушево, спец.др.Вангел Трајулески – Луше, денеска починал од Ковид-19, откако бил хоспитализиран десетина дена во Инфективната клиника. Веста ја споделија на социјалните мрежи, колегите од Здравствениот дом во Крушево.  Д-р Трајулески е вториот медицинско лице кој денеска ја изгуби битката со непредвидливиот вирус, откако порано беше соопштено дека од Ковид-19 почина и медицинска сестра од болницата во Битола. 

„На овој маглив декемвриски ден не изгуби само фамилија Трајчулески. Изгуби и Здравствен Дом Крушево и здравствената фела , соработник кој секогаш ни излегуваше во пресрет кога и да беше потребно. Изгубија Крушево и крушевчани неговите пациенти , доктор кој никогаш не се штедеше и даваше максимум од себе за бидат задоволни .Тешко е да се каже збогум на човек – доктор , кој кариерата ја започна во Здравствен Дом Крушево и иако продолжи како матичен лекар сепак беше дел од нашиот колектив со сето свое знаење , квалитет , човечност и хуманост несебично ги даде на пациентите. Беспрекорен во својата работа не само сега во ова зло , туку и во целиот негов работен век , никој никогаш не врати од преглед , никогаш не повиши тон на никој , секогаш насмеан .Се бореше за здравјето на сите пациенти давајќи максимум , но за жал не ја доби најважната битка , битката за својот живот против невидливиот непријател Ковид 19 .Почивај во мир драг докторе , и биди горд и ти и твоето семајство за сите прекрасни спомени што ги остави зад себе.Никогаш нема да те забораваиме спец.др.Вангел Трајулески – Луше“, стои во објавата на Фејсбук страната на Здравствен дом Крушево.

Во последните 24 часа регистрирани се 984 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје-398, Куманово-47, Прилеп-59, а во Крушево еден случај.

Би можело да ве интересира

Голема хуманитарна акција за четирите семејства од прилепските бербери, фризери и козметичари

Касарната „Мирче Ацев“ го чествува 10 април – Ден на артилерискиот баталјон

Гордана Цветаноска

Тутунарите здружено на протест, бараат решенија веднаш

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе