14.3 C
Прилеп
вторник, 22 април, 2025
Пела Радио

Филмот ТИШИНА ќе ја претставува Македонија на фестивалот UNICA- за 2020 година

Филмот ТИШИНА на 49 тиот државен фестивал на непрофесионален филм освои златна награда ( Гран При), како и награда за најдобра камера и ќе ја претставува Република Македонија на фестивалот UNICA- за 2020 година. Претходно, филмот Тишина освои и специјална награда за зачувување на трајни вредности на фестивалот Браќа Манаки во Битола – Октомври 2020 година.

„Не можевме, а да не го одбележеме периодот кога Прилеп беше во тишина, за време на карантинот кога беше првиот бран од корона вирусот, но секогаш има светло кое што не’ води напред, рече Зоран Пиловски од Фан продукција Зоран Пилата во разговорот на отворената програма на Радио Пела.

На еден поинаков начин преку тишината, во 3 минутен филм Прилеп е претставен во невообичаено светло, кое што сепак дава позитивна порака. Краткиот филм насловен „ТИШИНА“ во реализација Фан продукција Зоран Пилата, добива награди на домашните фестивали, а ќе биде претставник на Македонија и на меѓународна сцена.

Би можело да ве интересира

Гала концерт за 40 години од Дом на културата „Марко Цепенков“

Познати добитниците на државната награда за животно дело „11 ти Октомври“

Елизабета Филипоска

Интернационалниот скулпторски симпозиум „Мермер“ на ЦСЛУ одбележува 55 години

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе