24.8 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Полицијата заплени 53 кгр марихуана во прилепско

По претходно добиени оперативни сознанија, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога во соработка со Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, на 08.12.2020 во 13 часот во близина на с. Старо Лагово лишија од слобода 46 годишно лице од с.Калишта, кој управувал патничко возило „ауди“.

На даден знак од полициски службеник да застане, тој не застанал туку продолжил со движење и потоа исфрлил две торби со марихуана со вкупна тежина од околу 53 килограми.

По преземени мерки, возилото е запрено, а возачот приведен. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Сообраќајни контроли: во Прилеп од 45 санкционирани,16 без возачка дозвола

Исчезна 71 годишен маж од с.Локвени, долненско

Пела Редакција

(Фото ) Гореше етно ресторанот „Македонска куќа“ во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе